Волстрит падна на почетокот на новата недела

June 27, 2023
1 min read

Растот на американската економија забавува, што ќе ја притисне корпоративната заработка, додека ФЕД сигнализира натамошни зголемувања на каматните стапки оваа година бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа на централната банка

На Волстрит цените на акциите благо паднаа во понеделникот, продолжувајќи ја негативната серија од минатата недела, бидејќи економскиот раст забавува, а централните банки продолжуваат да ги зголемуваат каматните стапки поради високата инфлација.

Dow Jones загуби 0,04 отсто и падна на 33 714 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,45 отсто, на 4 328 поени, а индексот Nasdaq загуби 1,16 отсто, на 13 335 поени.

По значителниот пад минатата недела, берзанските индекси продолжија да се лизгаат и на почетокот на новата недела.

Растот на американската економија забавува, што ќе ја притисне корпоративната заработка, додека ФЕД сигнализира натамошни зголемувања на каматните стапки оваа година бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа на централната банка.

И многу други централни банки на западните земји продолжуваат да ја заоструваат монетарната политика. Минатата недела британската, швајцарската и норвешката централна банка ги зголемија каматните стапки, а се очекува во јули ФЕД и Европската централна банка повторно да ја зголемат цената на парите.

Инвеститорите не се склони кон ризик поради растот на геополитичките тензии, по бунтот на платеничката група „Вагнер“ минатиот викенд, што, според аналитичарите, го ослабе рускиот претседател Владимир Путин.

Претпазливоста е последица и на неизвесноста во однос на нивоата на берзанските индекси, имајќи предвид дека од почетокот на годината индексот S&P 500 порасна за повеќе од 13 отсто, што не е поткрепено со економските показатели.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,11 отсто, на 7 453 поени, а франкфуртски DAX за 0,10 отсто, на 15 813 поени. Парискиот CAC зајакна, пак, за 0,29 отсто, на 7 184 поени.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин обвини дека Западот и Киев сакале Русите да се убиваат едни со други

Следно

Кевин Де Брујне ќе го пропушти стартот на новата сезона

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop