Постојано стигнуваат вести дека на биолошки мажи им се дозволува да се натпреваруваат на женски спортски настани. Ниту еден спорт не е поштеден. Во велосипедизам, пливање, кревање тегови, Лондонски маратон… од скоро се појавија просечни машки спортисти маскирани во жени.
Некои спортски организации полека се справуваат со проблемот, ограничувајќи ги женските категории на биолошки жени. За поранешната британска олимписка пливачка Шарон Дејвис, авторка на „Нефер игра: Битка за женски спорт“, промените не се случуваат доволно брзо. Сè додека решавачките спортски тела го игнорираат проблемот што го наметна родовата идеологија, иднината на женскиот спорт останува загрозена.
Брендан О’Нил: Што те натера да навлезеш во овој транс проблем?
Шерон Дејвис: Јас се натпреварував во ерата кога Источна Германија ги полнеше своите млади девојки со тестостерон, некои од нив на возраст и од само 11 години. Државата практично ги водеше низ машки пубертет. Тоа во просек би можело да ги подобри перформансите за осум, девет отсто, во спорт како кревање тегови може да направи разлика и од 30 проценти. На тој начин девојките од Источна Германија речиси 20 години тотално доминираа во пливањето и атлетиката. МОК не направи ништо за да го спречи тоа.
Дополнителниот тестостерон прави огромна разлика. На европско ниво, спортистките на Источна Германија освојуваа 92 отсто од женските медали. На Олимпијадата во 1980 година (годината кога го освоив мојот медал), тие го освоија првото, второто и третото место во шест различни пливачки настани. И имаа несразмерно малку медали во машките пливачки дисциплини. Затоа сега зборувам, не сакам да се повтори истата ситуација.
Постојат машки и женски трки бидејќи секако постои предност. Во моментов, има барем 18 рецензирани студии кои покажуваат дека не можат да се анулираат предностите од машкиот пубертет. Ги тераме спортистките да се натпреваруваат против просечни машки спортисти кои транзитирале и сега победуваат елитни спортистки.
Како во случајот со Лиа Томас; беше толку очигледно дека имаме крајно просечен машки спортист кој потоа победи добитничка на сребрен олимписки медал. Томас го намали тестостеронот но се заборава фактот дека тој веќе поминал низ машки пубертет. Не можете да ја отстраните висината, големината на рацете, капацитетот на белите дробови, густината на коските, густината на мускулите.
Јас немам проблем со никој што е транс. Имам огромна емпатија за секој родител кој има трансродово дете. Јас сакам само фер спорт и фер шанси за жените. Затоа што во моментов е многу нефер.
Над 60 отсто од најдобрите спортистки во Велика Британија заработуваат помалку од 10.000 фунти годишно. Од секој американски спонзорски долар, жените добиваат еден процент. Во емитување добиваме четири отсто. И онака имаме баш мало парче од тортата а сега од нас бараат да се подиставиме. Не можам да живеам со ова и да не кажам ништо.
Дозволивме емоциите да ги надгласаат аргументите. Не сакам никому да му забранам спорт. Се обидувам да направиме категории во кои луѓето ќе се вклопат и ќе биде фер. Тоа мора да се заснова на наука и реалност, а не на чувство. Не можете да се тркате со чувство. Како да го квантифицираме чувството? Како да решите дали чувството на една личност е реално или не? Тоа е апсолутно лудо.
Со причина постојат категории во спортот. Имаме возрасни групи, имаме параолимписки категории, имаме тежински категории. А најголемата разлика ја прави полот.
Како ќе се одвиваат работите во следните неколку години? Дали сте оптимисти за тоа како работите се менуваат?
Дејвис: Навистина сум задоволна што спортски тела како World Aquatics и World Athletics ги променија своите политики за заштита на спортистките. Но, многу фрустрирачки е што тоа се прави спорт по спорт. Фрустрирана сум и што владата порешително не ги заштити спортистките. Транс-активистите манипулираа со зборот „женски“ за да ги вклучат и транс-жените. Ајде да ја вратиме дефиницијата за биолошкиот пол. Тоа би ги олеснило работите.
Што се однесува до одењето по судови и борбата за заштита на женските простори, не ми е тешко на суд да ги носам училиштата кои не веруваат дека девојките заслужуваат да имаат свои спортови. Кога училиштата вклучуваат биолошки мажи во спортот за девојчиња, тие ги учат малите девојчиња дека не можат да победат во ништо. Не сакам да имаме уште еден 20-годишен експеримент чија цена ќе ја платат спортистките.
***********
Некогашната чехословачка атлетичарка, легендарната Јармила Кратохвилова:
ИЗВОР: off.net.mk