Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци

June 25, 2023
1 min read

Со собир пред централните канцеларии на Нова демократија, со огномет и развиорени партиски и грчки знамиња, како и со поздравен говор на лидерот Кирјакос Мицотакис, симпатизерите, поддржувачите и членовите на партијата вечерва ја слават победата на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако Нова демократија убедливо ја победи СИРИЗА со 22,7 отсто разлика, Мицотакис во изјава за медиумите им се заблагодари на граѓаните за довербата, посочи дека добиле безбедно мнозинство, планираните реформите ќе ги спроведат со брз ритам, и истакна дека „ќе биде премиер на сите Грци“.

-Денешниот изборен резултат Грција отвора ново историско поглавје на својот пат. Граѓаните по втор пат за неколку недели не испратија само порака за континуитет на патот што го зацртавме пред четири години, туку ни дадоа силен мандат да чекориме побрзо по патот на големите промени кои ѝ се потребни на нашата земја, порача лидерот на Нова демократија и следен премиер на Грција.

Посочи дека кога пред 20 год ги направил првите чекори во политиката никогаш не замислувал дека сега ќе ја има „оваа голема одговорност, избран по втор пат да формира еднопартиска влада и тоа со силен мандат“.

-Денеска уште малку ќе ѝ се радуваме на нашата победа. Но, од утре наутро повторно ќе ги засукаме ракавите и ги започнуваме напорите заедно да изградиме силна Грција, татковина со повеќе просперитет, со повеќе правда за сите, порача Мицотакис и додаде дека „утре осамнува уште подобар ден“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грција: Нова демократија е победник на изборите, Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада

Следно

Андреа Белоти во Рома ќе остане до 2025 година

Latest from Blog

Фентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога

Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални

Флик искрен: ПСЖ покажа дека во моментов е подобар тим од нас, имавме што да научиме од овој меч

Барселона ја започна сезоната со серијата од 11 победи по ред, а перфектниот низ беше прекинат во Париз, каде каталонскиот гигант загуби од ПСЖ со 4:2 Веднаш по мечот, тренерот на Барселона

Фенербахче во Истанбул шокиран во 90 минута, Борусија Дормтунд победнички на гостински терен

Третото коло во Лига на шампиони започна со два меча кои завршија со многу погодоци на двете страни. Фенербахче пред своите навивачи одигра нерешено 2:2 против над Славија Прага, во меч на

Над 15 милиони денари промет на Берзата: Најмногу се тргуваше со Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 20.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.869,50 поени. Во однос
Go toTop