Грција: Нова демократија е победник на изборите, Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада

June 25, 2023
1 min read

Во однос на распоредот на силите во грчкиот парламент, Сириза е втора со 17,84 проценти освоени гласови и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто гласови и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници

По преброени 91 отсто од гласовите на парламентарните избори во Грција, Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската Сириза.

Партијата победник доби 158 пратенички места, со што Киријакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска влада.

Во однос на распоредот на силите во грчкиот парламент, Сириза е втора со 17,84 проценти освоени гласови и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто гласови и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следуваат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение со 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза, Зои Константопулу, со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора, Илиас Касидиарис, првпат ќе влезат во парламентот.

Излезеноста на изборите, според официјални информации, е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, Сириза беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ципрас: Ја преземаме одговорноста за резултатите на изборите, следи процес на реконструкција на партијата

Следно

Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци

Latest from Blog

Андоновски оствари средби со технолошки лидери на почетокот на посетата на САД

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е
Go toTop