Катар ја испорача последната пратка мобилни куќи за погодените во земјотресот во Туркије

June 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Катар соопшти дека ја испорачал последната серија мобилни куќи подготвени за погодените од земјотресот што на 6 февруари се случи во Туркије и Сирија, јавува Анадолу.

Во соопштението, Катарскиот фонд за развој (QFFD) истакна дека мобилните куќи вчера пристигнале во Хатај, Јужна Туркије.

„Во текот на трите месеци по земјотресот, Катарскиот фонд испорача 10.000 целосно опремени куќи со поставена изолација во над 15 различни градови и населени места низ југоисточна Туркије“, соопштија од Фондот.

Катарскиот фонд за развој „продолжува да ја подобрува егзистенцијата на ранливите заедници низ светот преку обезбедување на потребната помош за спасување животи, давање надеж и унапредување на мирот и правдата преку одржлив и инклузивен развој“, се додава.

По земјотресот Катар вети 10.000 мобилни домови за погодените. Првата серија од 306 целосно опремени домови пристигна во Туркије на 12 февруари.

На 13 јуни катарската Црвена полумесечина започна донаторска кампања за основање на градот Хајат Шехир во Истанбул, за сместување на сирачињата погодени од земјотресите.

Над 50.000 луѓе загинаа во двата силни земјотреса што ја погодија Јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотресите со магнитуда од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Кахраманмараш, погодија над 13 милиони луѓе во 11 турски области.

И неколку земји во регионот, од кои најмногу Сирија и Либан, ги почувствуваа двата силни потреса што се случија во период од помалку од 10 часа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачки: Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети кој што ги купи трговскиот центар Соравиа за 30 милиони евра, има добиено концесија од државната ЕСМ за ископ на варовник, а фирмата има само еден вработен

Следно

Чеферин: Мора да се ослободиме од идиотите кои го понижуваат фудбалот

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop