Белград и Приштина со меѓусебни обвинувања за возилото со арсенал оружје на северот на Косово

June 25, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека откривањето на оружје во возило со српски регистарски таблички во Звечан, покажува дека Србија е позиционирана за ескалација на ситуацијата.

Курти порача дека Србија по киднапирањето на тројца полицајци се заканува и со терористички напади.

„Косовската полиција во соработка со косовската разузнавачка агенција, спречи терористички напад со тоа што во Звечан на 100 метри во близина на општинската зграда открија автомобил со многу оружје, муниција и разновидна воена опрема. Панорамата на оваа терористичка организација е јасна: автомобил со белградски регистарски таблички, сопственост на државната железничка компанија на Србија, пронајденото оружје е целото произведено во Србија, вклучително и рачни гранати произведени во 2021 година, како што беа употребени во нападот на 29 мај 2023 година во Звечан против војниците на КФОР; елеци со натписи на руски и српски единици и логоа и идентификациски знаци на организацијата ‘Северна бригада’,
како и експлозивни направи кои претходно ги користела илегалната формација со криминални активности ‘Цивилна одбрана’“

вели Курти.

Покрај објавеното видео од оружјето што ја пронашле косовската полиција, Курти тврди дека Србија е јасно позиционирана да ја ескалира ситуацијата.

Од друга страна, директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот.

„Нашите служби утврдија кои се вистинските намери на Приштина и за тоа информиравме одредени разузнавачки служби и најголемата сила во светот. Ова е доказ кој покажува дека планот на Албин Курти и Приштина бил оружјето што го собрале од луѓе кои немале дозволи, да го подметнат на Србите за да тоа биде причина за нови апсења“

рече Петковиќ.

Тој вели дека безбедносно-инфоративната агенција БИА, пред акцијата на косовската полиција во Звечан, ја информираала најважната разузнавачка служба во светот дека властите во Приштина се подготвуваат претходно запленетото оружје, да го подметнат како изговор за нови апсења и напади врз Србите на северот на Косово.

Реагираше и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, кој на твитер профилот напиша дека ескалацијата продолжува и станува опасна но дека нема да го толерираат тоа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Кривичниот случај против челникот на „Вагнер“, Пригожин, ќе биде отфрлен

Следно

Втор круг парламентарни избори во Грција

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop