Пригожин го запре походот кон Москва

June 24, 2023
1 min read

Евгениј Пригожин, шеф на приватните руски воени сили „Вагнер“ изјави дека им наредил на своите платеници да го прекинат походот кон Москва и да се повлечат во своите теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв.

Објавата уследи по соопштението од кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во кое се вели дека тој преговарал со Пригожин, откако претходно разговарал за ова прашање и со Путин.

Пригожин се согласил да го запре напредокот во предложеното решение кое содржи безбедносни гаранции за трупите на „Вагнер“, соопшти кабинетот на Лукашенко.

Шефот на „Вагнер“ го прифатил предлогот на белорускиот претседател Александар Лукашенко да го запре конвојот на околу 200 километри пред Москва и да ја деескалира ситуацијата.

Западните медиуми јавуваат дека силите на „Вагнер“ почнале да го напуштаат Ростов на Дон – јужен руски град кој денеска беше центарот на вооружениот бунт, а освен тоа, приврзаниците на Пригожин ги презедоа и воените институции во Воронеж и влегоа и во Липецк, кој е на околу 350 километри од Москва.

На рутата на движење на припадниците на „Вагнер“ кон руската престолнина имаше жестоки судири со руската армија.

Претседателот Владимир Путин претходно денеска во телевизиско обраќање рече дека „вооружениот бунт“ на платеничките сили е предавство и дека акциите за заштита на татковината од таква закана ќе бидат жестоки. Ниту еднаш експлицитно не го спомна Пригожин.

За време на денешните настани, Москва презема антитеористички мерки. Влезот и излезот од руската престолнина е забранет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Почна Парадата на гордоста во Скопје

Следно

Рејџ предводат бојкотирање на сали кои шпионираат

Latest from Blog

Виноскоп 2026: Винска култура, вкусови и совети за совршена дегустација

Вранецот останува еден од најсилните симболи на македонската винска традиција, но новата винска зрелост на публиката околу него отвора многу поширока приказна, во која виното сè почесто се избира според повод, храна,

Вкупен неделен промет од 48.270.096 денари, со најголема активност кај банкарските и фармацевтските акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 20.04.2026 до 24.04.2026 година, според прикачениот официјален неделен извештај не се прикажани вредности за МБИ10

Коњановски: постигната спогодба со битолските пожарникари – ќе се исплатат разликите во плати од 2022 до 2025

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека е потпишана спогодба со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица за решавање на индивидуален работен спор, со што ќе се изврши исплата на разликата во
Go toTop