(ПРЕГЛЕД) Што се случува во Русија

June 24, 2023
1 min read
Припадник на „Вагнер“ на улиците на Ростов на Дон. Фoто: EPA-EFE/STRINGER

Во Русија е започнат вооружен бунт. Платената војска „Вагнер“ на Евгениј Пригожин му сврте грб на Путин и гo окупира Ростов на Дон, ги презедe воените институции во Воронеж и влезе во Липецк, кој е на околу 350 километри од Москва.

На рутата на движење на припадниците на „Вагнер“ кон руската престолнина, продолжуваат жестоките судири со руската армија.

Во Москва воведени се антитерористички мерки, понеделник ќе биде неработен ден, aа градоначалникот изјави дека ситуацијата е тешка. Руската престолнина е блокирана, ниту може да се влезе, ниту да се излезе од градот, а се копаат ровови на приодите.

Претседателот Владимир Путин во телевизиско обраќање рече дека „вооружениот бунт“ на платеничките сили е предавство и дека акциите за заштита на татковината од таква закана ќе бидат жестоки. Ниту еднаш експлицитно не го спомна Пригожин.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека успешен бунт на паравоената група Вагнер ќе значи дека тие ќе дојдат во посед на рускиот нуклеарен арсенал и ќе станат егзистенцијална закана за целиот свет.

Инаку, Велика Британија, Франција, Германија, Полска и Италија одделно соопштија дека внимателно ги следат настаните во Русија.

Лондон тврди дека Вагнер на Пригожин преминал од деловите на Украина окупирани од Русија во Русија на најмалку две локации.

Од друга страна, поддршка за Путин доаѓа од Турција, Белорусија и Иран.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски му рекол на Путин дека ги поддржува активностите на руската влада против вооружениот бунт на платеничката група Вагнер, се вели во соопштението на Кремљ.

Белорусија, близок руски сојузник, исто така ја сигнализираше својата поддршка за Путин. Советот за безбедност на Белорусија објави дека Минск останува сојузник на Русија и дека внатрешните спорови се „подарок за колективниот Запад“.

Иран пак, објави дека го поддржува владеењето на правото во Руската Федерација и смета дека последните случувања таму се внатрешно руско прашање.

Инаку, шефот на „Вагнер“, Пригожин, ја обвини руската армија за уништување на неговата војска и вети дека ќе се одмазди на руското воено раководство, по што руската разузнавачка служба ФСБ отвори кривична постапка против него за повикување на вооружен бунт. Тој го обвинува рускиот министер за одбрана дека наредил да се сокријат 2 000 тела на негови борци во мртовечница во јужна Русија.

Пригожин, чија приватна војска ги водеше најкрвавите битки во Украина, со месеци се караше со руското воено раководство.

Според него, образложението на Кремљ за инвазијата на Украина се заснова на лаги од военото раководство.

Тој со месеци отворено ги обвинуваше министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валери Герасимов за неспособност.

Инаку, официјален Кремљ денеска ги демантираше непотврдените информации дека рускиот претседател Владимир Путин наводно ја напуштил Москва во една од неговите резиденции во друг регион.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Учесниците на Парадата на гордоста се собираат во паркот „Жена борец“ во Скопје

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Почна Парадата на гордоста во Скопје

Latest from Blog

Промоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/Juventus/ Јувентус и официјално го засили својот напад со Ник Волтемаде, кој доаѓа од Њукасл на позајмица до крајот на сезоната 2026/2027. Според непотврдени информации, „бјанконерите“ ќе им платат на „страчките“ 3,5

САД повторно го нападнаа Иран, објавено е кои се целите на нападот

„Денес во 12:00 часот по источно време (ET), американските сили почнаа да напаѓаат цели на Иранската револуционерна гарда (IRGC) во Иран. Нападите следат по неодамнешните обиди на IRGC да нападне комерцијални бродови

Бомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Енцо Фернандез, според информациите од францускиот весник „Л’Екип“. Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а

Паника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, осомничената, Памела Циснерос (49), избодела две лица со нож во растојание од само 20 секунди. Прво избодела 68-годишен маж во стомакот додека излегувал од станица на метрото и чекал

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета
Go toTop