Пригожин тргна на Шојгу, Путин тргна на Пригожин

June 24, 2023
1 min read

Руските државни медиуми неколкупати ја прекинуваа редовната програма со барање до граѓаните да не веруваат во дезинформациите. Ова имаше ефект како среде мирен авионски лет, патниците да го слушнат гласот на пилотот кој ги моли да не паничат. Се разбира, инстантно ги фаќа паника.

Обидот за државен удар на Јевгениј Пригожин е нож в грб, изјави рускиот претседател, порачувајќи дека обидот за бунт на првиот човек на приватната воена компанија Вагнер, Јевгениј Пригожин го гледа како предавство на Русија и нејзиниот народ.

Путин најави дека ќе преземе сè што треба за да ја одбрани својата земја, дека оние кои се решија на оружен бунт ќе одговараат и дека руските воени сили веќе ги имаат добиено сите неопходни наредби да преземат решителни акции и да ја стабилизираат ситуацијата.

Претходно, контроверзниот Пригожин, кој обезбедуваше кетеринг за Кремљ, во видео обраќање на Телеграм рече дека неговите Вагнеровци влегле во Ростов на (Тихиот) Дон, дека имаат воена контрола на градот од кој се мониторираат операциите на украинскиот фронт, го обвини рускиот воен врв дека убиваат негови луѓе, дека 25-те илјади војници на Вагнер се подготвени да умрат за Русија и навести дека е можно да тргнат на Моксва.

Ок, Москва е 1.077 километри од Ростов ама тоа на Путин не му менува ништо: Секој кој со оружје тргнал на руската армија, ќе го јаде, порача рускиот претседател.

На терен, во Москва, ситуацијата изгледа малку надреално. Да, тенкови се на улица, ама ништо без метла. 

Но, ако Москва изгледа надреално, пазете ја тек оваа сцена од Ростов. Тип на точак шиба покрај воени и цивилни возила, рокајќи ја на цел глас: “Because I got high”. Цар.

По онаа теза дека сето ова е руска игра, Пригожин и сега го прави она што секогаш го прави: ќе ескалира реторика и ќе создаде илузија на хаос во руските редови за да се прикријат некои тактички маневри. Дека и во оваа епизода е синхронизиран со Путин за Русите да  започнат офанзива или да ја намамат Украина да нападне.

Така беше во Бахмут кога тврдеше дека Русија не му дава муниција, дека ќе ги повлече војниците, дека ја бара главата на Шојгу… за пар дена подоцна да се сврти и да го заземе Бахмут.

А додека ситуацијата се спука или се смири, душа треба да се рани. Војници на Вагнер нарачуваат храна во екс МекДоналдс, денес „Вусно и точка.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Концерт на Белградската филхармонија под диригентство на Зубин Мехта во Скопје

Следно

Канада и САД ќе ја истражат катастрофата со подморницата „Титан“

Latest from Blog

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот

И во Албанија шефот на судиите е странец

Шпанецот Бернардино Гонзалес Васкез е новиот шеф на судиската организација на Албанија, со што фудбалот и во оваа земја ангажираше странски експерт кој ќе го набљудува и развива судењето на фудбалските стадиони.

ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНИЈА – 360 милиметри дожд за 24 часа, четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна

Херојска ноќ во Битолско: Пожарникарите со часови се бореа да ги заштитат селата

По повеќе од 33 часа непрекината работа на терен, пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите што изминатите денови зафатија повеќе села на територијата на општините Битола, Могила и Новаци. Пожарите избувнаа
Go toTop