Путин ќе ѝ се обрати на јавноста: Пригожин вели дека влегле во командата на руската армија во Ростов и дека ги контролираат воените локации

June 24, 2023
2 mins read

Воените локации на Ростов се под контрола, вклучувајќи го и аеродромот, додаде тој додека мажи во униформи маршираа зад него

Шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој повика на вооружен бунт и соборување на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, денеска потврди дека тој и неговите војници влегле во руската воена команда во градот Ростов на Дон, клучен центар за рускиот напад врз Украина и дека тој презел воени локации, вклучително и аеродром.

„Ние сме во командата на армијата, сега е 7:30 (6:30 по средноевропско време)“,

рече Пригожин во видеото објавено на Телеграм.

Воените локации на Ростов се под контрола, вклучувајќи го и аеродромот, додаде тој додека мажи во униформи маршираа зад него.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат воени возила, вклучително и тенкови, на улиците.

Вчера руските безбедносни служби одговорија на најавата на Пригожин за вооружен бунт со повик за негово апсење. Колку Кремљ сериозно ја сфаќа оваа закана покажува фактот дека безбедноста е подигната на повисоко ниво во Москва и Ростов на Дон, пренесува агенцијата АП.

АП наведува дека не е јасно како Пригожин успеал да влезе во тој јужен руски град или колку луѓе имал со себе.

Пригожин рече дека воените авиони вклучени во руската офанзива во Украина „нормално полетуваат“ од аеродромот Ростов на Дон за да ги исполнат „своите борбени мисии“, тврдејќи дека нема проблем.

„Главното командно место функционира нормално“,

додаде Пригожин и увери дека „ниту еден офицер“ назначен таму не е суспендиран.

„Голем број територии“ освоени во Украина се „изгубени“ и „многу војници загинаа“, рече Пригожин и повторно ја обвини руската армија дека ја крие вистината за ситуацијата на фронтот.

Тој рече дека руската армија губи „до 1 000 луѓе дневно“, а меѓу нив има мртви, ранети, исчезнати или оние кои одбиваат да се борат.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) покрена постапка против шефот на паравоената група Вагнер Пригожин за бунт, соопшти синоќа Националниот антитерористички комитет на Русија.

Преку видео снимка, Пригожин побара министерот за одбрана Сергеј Шојгу и главниот руски генерал Валериј Герасимов да дојдат кај него на средба во Ростов на Дон.

„Стигнавме овде, сакаме да ги примиме началникот на Генералштабот и Шојгу“,

вели Пригожин во видеото.

Според него, доколку не дојдат, ќе го блокираат Ростов и ќе тргнат кон Москва.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека во руската престолнина се засилуваат „антитерористичките“ безбедносни мерки. Собјанин рече дека градот воведува и дополнителни контроли на патиштата, пренесува Ројтерс.

Путин наскоро ќе ѝ се обрати на јавноста

Рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе ѝ се обрати на јавноста преку телевизија, јави агенцијата Тасс од Кремљ.

Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин претходно го покани рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да дојде на средба во Ростов на Дон.

Пригожин ја обвини руската војска дека извршила напад врз неговите војниците. Тој тврди дека негови борци се убиени и ќе возврати со „марш за правдата“.

„Маршот за правдата“ што го најавува тој, според него, не е воен удар и на никој начин не ја попречуваат војската во активностите.

Ваквите обвинувања од Пригожин претставуваат и ескалација на внатрешните препукувања во Русија откако тој претходно го обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за започнување на војната во Украина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маркус Турам одлучи да потпише за Интер,

Следно

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Борел: Ескалацијата на северот на Косово продолжува и станува опасна

Latest from Blog

ВЛЕН ја обвини ДУИ за врски со организатор на просрпски собир во Куманово

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Реалноста ја покажуваат економските показатели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати повик до економскиот тим на опозицијата за заедничка средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, „да се објаснат фактите и реалната состојба во

Министерството за транспорт: СДСМ изнесува неточни тврдења за поништениот тендер за електрични автобуси

Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството

Активистите на флотилата за Газа го обвинија Израел: Нѐ тепаа, понижуваа и ни пуштаа кучиња

Во своите изјави, тие опишуваат тепања, употреба на електрошок за зашеметување и напади со кучиња, пишува Политико. Флотилата „Глобал Сумуд“, која броеше 50 бродови, беше пресретната во меѓународни води, околу 250 милји
Go toTop