Газдата на Оушнгејт не верувал дека му требаат квалификувани луѓе за работа

June 23, 2023
1 min read

„Кога го почнав бизнисот, една од работите што ја забележав е дека има и други тур-оператори со подморници, меѓутоа тие вообичаено вработуваат господа кои се поранешни членови на екипаж на воени подморници, и кај нив има голем 50-годишни белци.

Сакав мојот тим да биде помлад, да биде инспиративен, и јас нема да инспирирам 16-годишник да се заинтересира за морска технологија, ама 25-годишник кој е пилот на подморница или оператор на платформа или некој од нашите техничари, може да биде инспиративен,“ изјавил основачот и ЦЕО на Оушнгејт, Стоктон Раш.

Ноќеска беше објавено дека се откриени делови од подморницата и дека се верува дека нема ниту еден преживеан. Место на тура со подморницата до дното на Атлантик каде што се наоѓаат остатоците од Титаник, чини 250.000 долари.

По објавувањето на смртта на патниците, коментар даде и режисерот Џејмс Камерон кој се има 33 пати симнато со подморница до Титаник, плус пред некоја година го допре дното на Маријанскиот ров, најдлабоката подводна точка на светот.

Уште првиот ден кога ги слушнал информациите дека подморницата останала и без навигација и без комуникација, знаел дека нема среќно да заврши.

„Во коските почувствував што се случило. На подморница во исто време да не и работи електрониката, да не и работи системот за комуникација, и да не и работи транспондерот за следење – тоа значи дека подморницата веќе ја нема.

…Немаа комуникација и немаа навигација, веднаш реков, не можеш да изгубиш комуникација или навигација во исто време без да се случи екстремен катастрофален настан или високо, високо енергетски катастрофален настан.

Прво нешто што ми падна на памет е дека имало имплозија,“ изјави режисерот.

Во четвртокот американската морнарица објави дека нивни радарски системи забележале „акустична аномалија конзистентна со имплозија“ кратко откако подморницата изгубила контакт со копното.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗШВ: Аплицирајте за директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци

Следно

Им се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop