Сите патници во подморницата „Титан“ се мртви, потврдија од компанијата „Оушнгејт“

June 22, 2023
1 min read

Од компанијата која управува со подморницата „Оушнгејт експедишнс“ сметаат дека екипажот на исчезнатата подморница за жал е загубен

Отпадоците откриени во близина на потонатиот брод „Титаник“ се од исчезнатата подморница, потврди американската крајбрежна стража.

Пронајдени се пет делови од подморницата. Некои од нив припаѓале на капсулата која го одржувала притисокот внатре во подморницата.

Крајбрежната стража се уште работи на расветлување на деталите за несреќата. Засега сè укажува на имплозија што се случила при спуштањето кон потонатиот брод „Титаник“.

Од компанијата која управува со подморницата „Оушнгејт експедишнс“ сметаат дека екипажот на исчезнатата подморница за жал е загубен.

„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзаде Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеоле, за жал се исчезнати. Нашето срце е со овие пет души и секој член на нивните семејства во овој трагичен период“,

напиша компанијата, пренесува Би-би-си.

Остатоците од подморницата се пронајдени на повеќе од 200 метри од потонатиот брод „Титаник“. Карл Хартсвил од океанографската институција „Вудс Хол“ изјави дека тие се пронајдени во област каде што нема остатоци од „Титаник“ и дека тоа е област со рамно дно.

Американската крајбрежна стража претходно денеска објави дека брод со далечински управувач кој трага по исчезнатата подморница „Титан“ пронајде отпадоци во делот за пребарување недалеку од „Титаник“.

Експерт за побарување и спасување и пријател на двајцата патници на Титан, Дејвид Мернс, вели дека пронајдените остатоци се дел од подморницата која исчезнала пред пет дена.

„Штотуку ми беше кажано дека опремата за спуштање и задниот отвор на подморницата се пронајдени меѓу остатоците. Ова е неконвенционална подморница, тој заден отвор има зашилен крај, а опремата за спуштање е она на што се потпира целата подморница и на која застанува кога удира на дното“,

рече тој.

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето.

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.  

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ од Брисел: Се плашам дека сè отиде предалеку, не го гледам клучот за решавање на ситуацијата

Следно

Борел: Фокусот на средбите со Вучиќ и Курти беше смирување на ситуацијата, организирање нови избори и враќање на дијалогот

Latest from Blog

ВРЕДИ со канидат бизнисмен во Струга? Менди Ќира вели дека никому не кажал „да“

На локалните избори, ВРЕДИ ќе предложи и кандидати за градоначалник кои не припаѓаат на ниту една од партиите што ја сочинуваат коалицијата. Таква верзија имаат за Струга, откри Биљал Касами во КликПлус,

СКОРСЕЗЕ СНИМИ ДОКУМЕНТАРЕЦ СО ПАПАТА ФРАЊО, ГО СОДРЖИ ПОСЛЕДНОТО ИНТЕРВЈУ СО НЕГО

Мартин Скорсезе сними документарен филм со покојниот папа Фрањо, кој вклучува разговори помеѓу нив и последното интервју со папата пред камера. „Алдеас – нова приказна“ раскажува за непрофитната меѓународна организација „Сколас окурентес“,

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен мониторинг на регионалните текови на електрична енергија, од страна на Националниот диспечерски
Go toTop