Анталија чекори кон рекорд од 16 милиони туристи годишно

June 22, 2023
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – АЈШЕ ЈИЛДИЗ / ХАТИЏЕ ОДЕМИР ТОСУН – Анталија, една од најзначајните туристички дестинации во Туркије, оваа година достигна бројка од 4,76 милиони туристи, кои доаѓаат по воздушен пат, што претставува зголемување од 32 отсто во однос на минатата година. Анталија одлучно чекори кон својата цел од 16 милиони туристи на годишно ниво, пишува Анадолу.

Истакнувајќи се со здравствен и безбедносен туризам, море, песок, сонце, природни убавини и содржини, Анталија нуди можности за одмор на домашните и странските гости.

Туристите од различни земји на светот имаат можност одблизу да ја разгледаат историјата и културните вредности на градот, бањајќи се во прекрасното сино море и сончајќи се на уредените плажи.

Новинарот на Анадолу, анализирајќи ги податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Анталија, дојде до податокот дека градот бил домаќин на 3.602.173 туристи кои пристигнале по воздушен пат во периодот од 1 јануари до 20 јуни мината година, а во истиот период оваа година, таа бројка изнесува 4.761.451 турист.

Со зголемувањето на бројката на туристи од 32 % во однос на истиот период од минатата година, се очекува Анталија до крајот на годината да биде домаќин на 16 милиони гости, што би била рекордна бројка.

– Популарни се резервациите „last minutе“

Риза Перчин, претседател на Одборот на Медитеранскиот Регион на Здружението на турски туристички агенции (ТУРСАБ), за Анадолу изјави дека оваа година најголем број туристи во Анталија доаѓаат од Германија.

„Наша цел во туризмот беше 16 милиони. Сезоната малку се смени, нашата сезона трае до крајот на ноември. Се надеваме дека ќе дојдеме до бројката од 16 милиони“, рече Перчин.

Напоменувајќи дека по епидемијата има промени во навиките за резервации, Перчин наведе дека сега се сѐ попопуларни таканаречените резервации „last minute“.

Претседателот на Фондацијата за промоција на регионот Кемер, Волкан Јорулмаз, изјави дека има сериозен раст на домашниот пазар, особено со зголемувањето на празниците на 9 дена и распустите во училиштата.

„Германија и Русија се нашите два главни пазари. Веднаш потоа следуваат нашиот домашен пазар и Велика Британија. Имаме значителен број туристи од Полска, но и од Белгија, Холандија, Србија, Чешка, Молдавија. Имаме гости од земјите како што е Албанија. Трговската и туристичката разновидност е многу важна. Наш план оваа година е да ја надминеме бројката од 2019, што е достижна цел. Можеме да ја затвориме годината со бројка од 16-17 милиони туристи“, истакна Јорулмаз.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Немој ти на мене „цис“

Следно

Мексико: Археолозите открија историски остатоци и предмети во античката престолнина Тула

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop