Македонско традиционално јадење и народна носија од Мала Преспа претставени на настан во Тирана

June 22, 2023
1 min read

Македонското друштво „Сонце” денеска во Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Албанија.

На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.

-За нас, како и за другите малцинства, ова е многу значаен настан, каде може да презентираме дел од нашата традиција. Овој пат, како што се гледа, се претставивме со традиционалото јадење на Македонците од Мала Преспа, тава со крап, што е наш специјалитет, надалеку познат, како и со традиционалните носии од Мала Преспа, рече за МИА Васил Стерјовски, претседател на друштвото.

Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната.

На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.

Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.

На настанот присуствуваше и вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Лутвим Cпахиу, кој ги поздрави присутните, како и Марјана Костофски, претставник на македонската заедница во Комитетот за национални малцинства.

Со Македонците од Мала Преспа беше и Васил Јанкула, попознат како Преспанскиот херој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Госпоѓа министерка: Бисера во препознатлив стајлинг во Белград

Следно

Милан ја активира откупната клаузула на „турскиот Меси“

Latest from Blog

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира

Гави го одби Јунајтед, клубот од “Олд Трафорд“ нудеше 40 милиони евра!

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Гигантот од “Олд Трафорд“ никако не успева ова лето да дојде до големо, екстра засилување. Манчестер Јунајтед никако не успева да ги оствари своите трансферни цели оцва лето. Најновиот удар за
Go toTop