Потрагата околу местото каде што се слушнаа подводни звуци е без резултат, соопшти Американската крајбрежна стража

June 21, 2023
1 min read

Последните проценки на службениците на Американската крајбрежна стража, кои ги пренесува Си-ен-ен, говорат дека во подморницата е останат кислород за помалку од 24 часа, а се верува дека екипажот има ограничена количина на храна и вода

Американската крајбрежна стража соопшти дека не го идентификувала изворот на звуците од удари што биле забележани во вторникот и во средата наутро, а кои доаѓале од областа каде што американски и канадски спасувачки екипи трагаат по исчезната подморница „Титан“.

Оттаму додаваат дека екипите сè уште се обидуваат да лоцираат што ги предизвикува звуците, но и дека ја продолжуваат потрагата по подморницата која исчезна во неделата, еден час и 45 минути по нурнувањето.

Последните проценки на службениците на крајбрежната стража, кои ги пренесува Си-ен-ен, говорат дека во подморницата е останат кислород за помалку од 24 часа, а се верува дека екипажот има ограничена количина на храна и вода. Сепак, потрагата по подморницата продолжува и натаму.

Американската крајбрежна стража додаде дека областа на потрагата по подморницата е проширена и сега е двојно поголема од американската сојузна држава Конектикат, на длабочина од речиси четири километри.

Координаторот на Првата крајбрежна служба, капетан Џејми Фредерик, соопшти дека спасувачите експоненцијално ја прошириле областа на потрагата, а таа се проширува на секој час.

„Мораме да останеме оптимисти и да се надеваме дека подморницата ќе биде лоцирана“,

рече Фредерик.

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето.

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.  

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Силна експлозија во Париз, седуммина се тешко повредени

Следно

Жестока казна за Мурињо од УЕФА

Latest from Blog

Канада ќе го урне училиштето, во кое се случи масакр

Одлуката за уривање на средното училиште е донесена по состаноците на училишниот одбор со жртвите, членовите на семејствата и локалната заедница, објави премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби. „Сакаме да се осигураме

САД им ги укинаа визите на 27 лица- дистрибуирале порнографски слики со деца на „Дизни“ бродовите

Американската служба за имиграција и царина им ги одзеде визите на 27 лица, претежно од Филипините, вклучувајќи и некои кои работеле на бродови на „Дизни Круз Лајн“, под сомнение за примање, поседување,

Државата го турка проектот за рудникот Крстов Дол: Која е фирмата што ќе копа?

Владата им дозволи на Американците да истражуваат колку количества антимон останале во рудникот „Крстов дол“ кај селото Луке, Крива Паланка. За 5 милиони долари, тоа ќе го прави австралиска компанија, која ја
Go toTop