(ВИДЕО) Силна експлозија во Париз, седуммина се тешко повредени

June 21, 2023
1 min read

Експлозијата се случила во зграда во Париз, притоа предизвикувајќи огромен пожар. Огнот зафатил неколку згради, уривајќи дел од една од нив. Според очевидци, пред експлозијата имало силен мирис на гас

Најмалку 16 лица се повредени, од кои седум потешко, по голема експлозија во центарот на Париз.

Експлозијата, како што јавува Би-би-си, се случила нешто пред 17 часот по локално време во зграда во петтиот арондисман на француската престолнина, предизвикувајќи оргомен пожар.

Огнот зафатил неколку згради, притоа уривајќи дел од една од нив.

Според очевидци, пред експлозијата имало силен мирис на гас.

На местото на настанот се излезени над 200 пожарникари, како и бројни полициски и медицински екипи.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги повика граѓаните на Париз да ја избегнуваат областа околу улицата каде што се случи експлозијата.

Областа каде што се случи експлозијата се протега јужно од Латинскиот кварт на левиот брег на Париз и обично е преполна со туристи и странски студенти на почетокот на летото.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопска врска во продажбата на „Жан Митрев“

Следно

Потрагата околу местото каде што се слушнаа подводни звуци е без резултат, соопшти Американската крајбрежна стража

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop