Слушнати звуци при пребарувањето на подморницата што исчезна во туристичка експедиција до „Титаник“

June 21, 2023
1 min read

БОСТОН (АА) – Единицата на Крајбрежната безбедност на САД соопшти дека тимовите на канадската Армија слушнале гласови под водата додека ја барале подморницата, што се изгуби при туристичка експедиција до остатоците на потонатиот брод „Титаник“, кој удри во ледениот брег во 1912 година и потона во Атлантскиот Океан, пренесува Анадолу.

Според писменото соопштение на Крајбрежната безбедност на САД, канадскиот воен авион за пребарување открил одредени звуци под вода за кои сметаат дека можно е да доаѓаат од подморницата.

Сѐ уште не е јасно дали овие звуци доаѓаат од подморницата за која станува збор, а се вели дека овие звуци се слушнале на интервали од 30 минути и дека сѐ уште не е добиен некој позитивен резултат од пребарувањата во ова подрачје.

Од друга страна, Крајбрежната безбедност на САД информира дека во подморницата во која се наоѓаат 5 лица, останал кислород за 28 часа.

– Во изгубената подморница се наоѓаат 5 лица –

Во подморницата се наоѓаат британскиот милијардер Хемиш Хардинг, сопственик на „Action Aviation“; пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд; Стоктон Раш, основач и главен извршен директор на компанијата „OceanGate“; како и Пол Анри Наргеоле, француски пилот на подморница.

Картата за осумдневната експедиција со подморницата до остатоците на Титаник изнесувала 250.000 долари.

Инаку, бродот Титаник потона на 15 април 1912 година во Атлантскиот Океан. Во несреќата загинале над 1.500 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сметководствена дупка без дно

Следно

Унгарски хеликоптер со три лица се урна во Хрватска, пронајдени две тела

Latest from Blog

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала
Go toTop