Туркије го поздрави чекорот на Катар и ОАЕ за повторно отворање на амбасадите по долгогодишниот спор

June 19, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије го поздрави чекорот на Катар и на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за заемно повторно отворање на амбасадите по долгогодишниот дипломатски спор, пренесува Анадолу.

„Ние срдечно ја поздравуваме одлуката на Катар и на Обединетите Арапски Емирати за повторно отворање на меѓусебните мисии по долг период“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

„Веруваме дека овој чекор значително ќе придонесе за мирот и стабилноста на нашиот регион“, се додава во ова соопштение.

Катар и ОАЕ се согласија да ги обноват своите дипломатски претставништва и повторно да ги отворат амбасадите од понеделник.

Во заедничкото соопштение двата соседа соопштија дека катарската Амбасада во Абу Даби, Конзулатот во Дубаи и Амбасадата на ОАЕ во Доха ќе продолжат со работа од 19 јуни.

ОАЕ, заедно со Саудиска Арабија, Бахреин и Египет, ги прекинаа дипломатските односи со Катар во 2017 година. Но во 2021 година четирите земји потпишаа договор за помирување со Доха.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг: Нема планови за официјална покана на Украина за членство во НАТО

Следно

Белгија ќе уништи околу 6 милиони застарени вакцини против КОВИД-19

Latest from Blog

Изрешетан автобус со аргентински навивачи: Еден фан е застрелан во раката (ВИДЕО)

Враќањето на навивачите на аргентинскиот клуб Тигре од натпреварот во Копа Судамерикана во Уругвај беше одбележано со вооружен напад врз нивниот автобус, при што беше ранет 57-годишен маж. Инцидентот се случил кратко

На американски политичар му ја вандализирале куќата, по што ја сменил одлуката и гласал САД да не му дадат помош на Израел

Смит, пратеник од Вашингтон и врвен демократ во Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, откри дека гласал за намалување на американската воена помош за Израел. Како причина, тој ги наведе насилството

Скопје доби биста на Махатма Ганди: Кој бил човекот што ја предизвика империјата без оружје?

Скопје доби биста на Махатма Ганди, подарок од Индија и нов симбол на пријателството меѓу двете земји. Спомен-бистата беше откриена во Музејот на Град Скопје од претседателките Гордана Сиљановска-Давкова и Друпади Мурму,

Општина Прилеп: Успешно реализирана акцијата за помош на Гостивар

Општина Прилеп соопшти дека во заедничка хуманитарна акција, организирана со поддршка на граѓаните, Црвениот крст – ОО Прилеп, општествено одговорни компании, здруженија, институции, политички субјекти и бројни хумани луѓе, биле собрани и

Италија во офанзива: Гвардиола во преговори да ги преземе „Азурите“

ФОТО: Manchester City/FB Пеп Гвардиола е во официјални преговори со италијанската фудбалска федерација за преземање на селекторската функција. Гвардиола повеќе не е дел од Манчестер Сити, каде што беше со години, а
Go toTop