Димитриевски: Со фокусирана игра 90 минути можеме до добар резултат против Англија

June 18, 2023
1 min read

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски верува дека може да се дојде до позитивен резултат на утрешниот натпревар со Англија.

-Мора да го дадеме нашиот максимум на терен и мислам дека ако фокусот ни е на високо ниво, може да извадиме позитивен резултат, а зошто не и да дојдеме до победа. Нормално е дека овој натпревар ни доаѓа близу, по оној по Украина, а се наоѓаме на крајот на сезоната и чувствуваме замор. Но, знам дека ние имаме квалитетна екипа. Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90 минути. Немавме концентрација и фокус до крајот на натпреварот и така загубивме. Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат, изјави Димитриевски.

Натпреварот ќе се игра утревечер од 20:45 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер.

Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите за Еуро 2024, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Момчето кое со автомобил влета во група пешаци во Загреб се брани со молчење

Следно

„БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop