Украина тврди дека извршила 14 воздушни напади врз позициите на руските сили

June 18, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украина денес објави дека извршила 14 воздушни напади врз подрачја во кои се сконцентрирани руските сили, известува Анадолу.

„Воздухопловните сили изведоа 14 воздушни напади во текот на денот, погодувајќи подрачја во кои е стациониран непријателскиот персонал“, соопшти украинскиот Генералштаб на социјалната мрежа Фејсбук, додавајќи дека се уништени два противвоздушни ракетни системи.

Во соопштението се наведува и дека украинските рекети и артилерија во текот на денот гранатирале три контролни точки, пет магацини и три артилериски единици. Од друга страна, во соопштението се вели дека руската страна извела 43 воздушни и 4 ракетни напади, со испукани 51 ракета.

„Русија ги концентрира воените напори во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка, каде во текот на денот дојде до 26 судири“, се наведува во соопштението.

Генералштабот информираше дека оперативната ситуација во Волиња и Полесија не е значително сменета, додека руските сили продолжуваат да изведуваат одбранбени операции во правец на Запорожје и Херсон.

„Руските сили дезертираат во Луганск“, се додава во соопштението.

Руските власти сѐ уште не се огласија во врска со овие тврдења.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, на 10 јуни изјави дека украинската војска презема „соодветни контраофанзиви и одбранбени акции“ против Русија на првата линија на фронтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВИДЕО: Елмас во изборот на УЕФА за гол на колото во евроквалификациите

Следно

Во Берлин откриен тунел за бегство од времето на Студената војна

Latest from Blog

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос
Go toTop