Блинкен пристигна во Пекинг во обид да ги намали тензиите меѓу САД и Кина

June 18, 2023
1 min read

Американските власти велат дека главната цел на Блинкен во Кина е повторно воспоставување канали за комуникација, особено директна комуникација меѓу Вашингтон и Пекинг, како и да се стабилизираат односите кои се крајно напнати

ФОТО: Стејт департмент

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се состана со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг во Пекинг на почетокот на дводневните разговори со кинеските претставници.

Посетата е прва на американски дипломат на Кина по речиси пет години.

Американските власти велат дека главната цел на Блинкен во Кина е повторно воспоставување канали за комуникација, особено директна комуникација меѓу Вашингтон и Пекинг, како и да се стабилизираат односите кои станаа крајно напнати.

„Се надевам дека овој состанок може да помогне да се вратат кинеско-американските односи на она што двајцата претседатели го договорија на Бали“,

напиша помошникот министер за надворешни работи Хуа Чунјинг на Твитер кој го придружуваше Чин за време на разговорите.

Посетата на Блинкен на Кина доаѓа речиси пет месеци откако претходната посета на Блинкен беше одложена, по летот на осомничен кинески шпионски балон во воздушниот простор на САД.

САД ги намалуваат очекувањата за патувањето и двете страни јасно ставија до знаење дека не очекуваат некој голем напредок, пренесува Би-би-си.

Кина организираше воени вежби во близина на Тајван, кој Пекинг го смета за составен дел на Кина. САД одржуваат блиски врски со демократски избраната влада на Тајван.

Агендата за посетата на Блинкен вклучува средби со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг и високиот кинески претставник за надворешна политика Ванг Ји.

Војната во Украина, трговските спорови околу напредните компјутерски технологии и кршењето на човековите права во Кина се темите на кои Американците очекуваат да се разговара.

Кинеските власти, како што пренесува Би-би-си, ладно реагирале на посетата на Блинкен, прашувајќи се дали САД се искрени во напорите за подобрување на односите.

Не е јасно дали Блинкен ќе се сретне со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

Блинкен е највисокиот функционер на американската влада што ја посетил Кина откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година.

Состанокот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и Си Ѓинпинг, на Бали во ноември, накратко ги намали стравувањата од нова Студена војна, но комуникацијата на високо ниво меѓу двајцата лидери е ретка по инцидентот со балонот.

„Она што работиме да го направиме на ова патување е навистина да го продолжиме она за што се договорија претседателот Бајден и претседателот Кси на Бали на крајот на минатата година, а тоа беше да се воспостават постојани, редовни линии на комуникација на високи нивоа низ нашите влади токму за да можеме да бидеме сигурни дека комуницираме што е можно појасно за да избегнеме, што е можно подобро, недоразбирања и погрешни комуникации“,

рече Блинкен во петокот пред неговото заминување за Кина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Над 1 милион аџии досега пристигнаа во Саудиска Арабија на аџилак

Следно

Бразил првпат во историјата носеше црни дресови – со нив играше само едно полувреме! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и

Компанијата „Гунвор“ ја повлекува понудата за купување на „Лукоил“

Министерството за финансии на САД претходно објави дека САД нема да му издадат лиценца за работа на „Гунвор“ додека трае конфликтот во Украина. Министерството изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно

Проданоски: Грижата за најмладите останува наш врвен приоритет

Во Општина Прилеп денес беше презентиран уште еден реализиран проект во насока на подобрување на образовната инфраструктура. Во ООУ „Добре Јованоски“ целосно е реконструиран дотраениот помошен објект во задниот двор на училиштето,

Тухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас

Селекторот на фудбалската репрезентацина на Англија, Томас Тухел за квалификациските мечеви против Албанија и Србија на својот список стави имиња кои ја изненадија јавноста на Островот. Адам Вортон првотимецот на Кристал Палас

Божиновска во Атина: Македонија ја зацврстува позицијата во енергетската дипломатија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на P-TEC енергетскиот форум во Атина, каде што го претстави ставот на Македонија како активен и доверлив партнер во регионалната енергетска соработка
Go toTop