Поплавени куќи и ниви, Вардар се излеа во неколку населени места во Општина Јегуновце

June 17, 2023
1 min read

Од Центарот за управување со кризи велат дека ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Според ЦУК нивото на водата на реката Вардар во моментот е до максималната кота во коритото

Куќи и ниви во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце се поплавени откако реката Вардар поради зголемен водостој се излеа во овој дел.

Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата во овие населени места, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, ја пријавил претседателот на месна заедница од село Раотинце.  

„Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста ‘Старо Вардариште’ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото“,

се вели во соопштението на ЦУК.

Дека излевањето на Вардар предизвикало поплави во овој дел од општината Јегуновце потвдрува и градоначалникот Димитар Костадиноски. 

Денеска од ЦУК предупредија дека реката Вардар има зголемен водостој и поради тоа најавија дека ќе биде сопрен целосно истекот од ХЕЦ „Вруток“.

Зголемен водостој, според информациите од ЦУК, се очекува Вардар да има и низводно од Скопје кон Орешани, Зелениково, Таор и Велес.

Исто така, според ЦУК, и нивото на реката Треска сè уште е високо, додека на останатите водотеци има намалување или стагнација на водостоите во однос на утринските.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТО + ВИДЕО) Седми протест „Србија против насилството“ во Белград и во неколку други градови

Следно

САД ја повикаа Србија да ги ослободи косовските полицајци

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop