(ВИДЕО) Престрелка меѓу мигранти на периферијата на Суботица, тројца ранети

June 17, 2023
1 min read

Во болницата во Суботица се примени две лица со прострелни рани во пределот на градниот кош и стомакот на кои дежурните лекари им ја укажале потребната лекарска помош, додека третиот повреден се уште не стигнал во болница, пренесува РТС

Три лица се ранети во престрелка меѓу две групи мигранти што се случила денеска околу 14 часот во шума на периферијата на Суботица, потврдија за РТС од Полициската управа во Суботица.

Во болницата во Суботица се примени две лица со прострелни рани во пределот на градниот кош и стомакот на кои дежурните лекари им ја укажале потребната лекарска помош, додека третиот повреден се уште не стигнал во болница, пренесува РТС.

Граѓаните кои живеат во близина на Трешеште, шумска област во близина на српско-унгарската граница, објавија на социјалните мрежи дека се слушаат рафали од огнено оружје кои доаѓаат од шумата.

Од полицијата наведуваат дека на терен се присутни засилени полициски сили.

По повод инцидентот во Суботица, началникот на Северна Бачка, Бојан Шоралов на Фејсбук објави дека засилените акции на надлежните органи за контрола на мигрантите довеле до голем револт од шверцерски групи и до престрелка.

„Денеска во шумскиот предел помеѓу Радановац и Трешетиште во периодот од 12:45 до 13:30 часот било употребено огнено оружје од нерегуларни мигранти при што се повредени неколку мигранти. Моментално во Општата болница во Суботица се однесени две лица, еден за нега на полесни и еден со тешки повреди“,

напиша Шоралов.

Тој додаде дека во тек е акција од страна на Министерството за внатрешни работи за утврдување на сите факти поврзани со околностите на споменатиот настан и официјалното соопштение во врска со истиот.

„Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки и активности за да го спречиме престојот и преминувањето на нерегуларните мигранти во граничниот појас на градот Суботица, како и отстранувањето на сите неформални кампови што можеби биле изградени тука“,

пишува Шоралов.

Шоралов додава дека секојдневно ќе се спроведуваат акции за сместување на миграните во прифатни центри на територијата на Србија.

Во однос на минатата година, Шоралов пишува дека бројот на мигрантите е драстично помал.

По улиците околу населеното место има полициски и возила на брзата помош, а во околината неколкупати се слушаат истрели.

Според последните информации, ситуацијата сега е под контрола, а акцијата се уште е во тек.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

Следно

Модриќ одби 200 милиони евра во Ал-Хилал за три години, заради една сезона во Реал

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop