Турската разузнавачка служба неутрализираше баран терорист во северна Сирија

June 17, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба неутрализираше високорангиран терорист во северна Сирија обвинет за поврзаност со терористичката организација Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП), соопштија безбедносни извори, известува Анадолу.

„Осман Нури Оџакли, со кодно име Јилмаз Бехрарес, неутрализиран е во операција на Турската национална разузнавачка организација (МИТ) во сирискиот округ Ајн ел Араб“, соопштија извори под услов да останат анонимни поради ограничувањата за обраќања кон медиумите.

Изворите наведоа дека Оџакли стоел зад многу напади во Туркије, вклучувајќи го и нападот на возило во 2022 година, во кое се наоѓале затворски чувари во северозападната турска област Бурса. Оџакли беше на црвената листа на барани терористи.

Од 2000 година делува како т.н. лидер на ФЕСК, вооружено крило на МЛКП.

Имајќи блиски организациски односи со ПКК, Оџакли се пресели во ирачкиот регион Кандил во ноември 2014 година и почна да спроведува терористички акции во сирискиот регион Расулајн во 2015 година.

Од април 2018 година терористот на МЛКП е одговорен за илегалните преминувања меѓу Туркије и Сирија, а стана и „десна рака“ на Бајрам Намаз, со кодно име Баран, поранешен таканаречен сириски лидер на МЛКП. Оџакли во тој период стана трет човек на организацијата во Сирија.

Откако Бајрам Намаз е неутрализиран во 2019 година, Оџакли стана помошник на Зеки Гурбуз, со кодно име Ахмет Сорез, кој е именуван за т.н. сириски офицер на МЛКП, а активностите ги продолжи во Ајн ел Араб минатата година. Зеки Гурбуз е неутрализиран во операција на Турската национална разузнавачка организација во сириската област Хасака во јануари оваа година.

МЛКП е основана 1994 година, а на турската листа на активни терористички организации е ставена во 2007 година.

Терористичката група е одговорна за голем број напади во Туркије и северна Сирија, вклучувајќи го и бомбашкиот напад на автобус во Истанбул во 2004 година, во кој се убиени тројца цивили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал Мадрид има план: Мбапе во јануари на „Сантијаго Бернабе“

Следно

Столтенберг најверојатно ќе остане на чело на НАТО уште една година

Latest from Blog

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Партијата ВЛЕН преку објава побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“, во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, поставувајќи прашање зошто сè уште нема обвинение.

Македонската берза со неделен промет од 101 милион денари, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 101.005.840,66 денари, од кои

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,
Go toTop