Шведскиот министер за надворешни работи Билстром ја осуди терористичката организација ПКК

June 17, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Шведскиот министер за надворешни работи, Тобијас Билстром, изјави дека неговата земја „ги осудува сите терористички организации, вклучувајќи ја и ПКК“, известува Анадолу.

Билстром се обрати на конференцијата за новинарите во Париз заедно со француската министерка за надворешни работи Катрин Колонa.

Шведскиот министер за надворешни работи рече дека Шведска со новиот антитерористички закон, што стапи во сила на 1 јуни, го исполнила и последниот дел од својата обврска во рамките на трилатералниот меморандум од јуни 2022 година потпишан во Мадрид за решавање на безбедносната загриженост на Анкара во врска со тероризмот.

Тој напомена дека целта на Стокхолм е иста како и целта на Анкара, а тоа е борба против тероризмот.

Одговарајќи на прашањето на новинарот на Анадолу за тоа што направила шведската Влада во борбата против ПКК, министерот Билстром повтори дека Стокхолм ги исполнил своите обврски и дека соработката меѓу шведската и турската полиција е значително подобрена.

„Ставот на Шведска за ПКК е многу јасен. Затоа сакавме да исполниме сѐ што е напишано и одлучивме во меморандумот да станеме членка на НАТО“, рече Билстром.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО многу бргу по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Иако Туркије го одобри членството на Финска во НАТО, се чека Шведска да се придржува до трилатералниот меморандум потпишан минатиот јуни во Мадрид со цел решавање на безбедносната загриженост на Анкара во врска со тероризмот.

Шведска во ноември го усвои Законот за борба против тероризмот, надевајќи дека Анкара ќе ја одобри кандидатурата на Стокхолм за приклучување во НАТО. Новиот закон што стапи во сила на 1 јуни, ѝ дозволува на власта кривично да ги гони поединците што ги поддржуваат терористичките групи.

Неколку министри за надворешни работи се надеваат дека Туркије ќе ја одобри кандидатурата на Шведска пред самитот на НАТО следниот месец.

Меѓутоа, претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Шведска мора да го стори својот дел во врска со борбата против терористичките организации, доколку од Туркије очекува позитивно да одговори на шведските очекувања за прием во НАТО.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Анчелоти го сака Лаутаро Мартинез на „Бернабеу“

Следно

(ВИДЕО) Македонски автобус бил запрен непосредно пред да се урне мост на реката Западна Морава

Latest from Blog

„Нова Македонија“: Разговор со Никола Ѓурѓај за работата на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана

Интервју со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, по повод организацијата на 29. семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) Со претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај,

Коњановски од отворањето на БИТ ФЕСТ: Да ја славиме културата заедно со публиката и уметниците

Со мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, вечерва во преполната сала на Центарот за култура свечено беше отворено 18-тото издание на БИТ ФЕСТ, најголемата летна културна манифестација во Битола.

Турците во неверување, ѕвезда на репрезентацијата најави крај: Засрамени сме!

Фото: https://www.tff.org/ Турската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Светското првенство по само две кола од групната фаза, а елиминацијата предизвика големо разочарување кај играчите и навивачите. По поразот од Австралија, Турците

Неделен преглед на Македонската берза: Комерцијална банка и Алкалоид меѓу најтргуваните акции

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15.06.2026 до 19.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 80.489.314,85 денари, од кои
Go toTop