Во вакви околности Белград не гледа како би можел да продолжи дијалогот со Приштина, вели Петковиќ

June 17, 2023
1 min read

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ кажа дека синоќа во северниот дел на Митровица имало вистинска воена опсада и дека косовскиот премиер Албин Курти наместо да работи на намалување на тензиите, работел на предизвикување војна. Под вакви околности, според Петковиќ, Белград не гледа како може да продолжи понатамошниот дијалог за деескалација.

„Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки. Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина“,

рече Петковиќ.

Тој рече дека косовскиот премиер константно провоцира, сакајќи да започне нов конфликт и војна. За барањата на САД и Велика Британија да се ослободат косовските полицајци кои пред неколку дена беа уапсени на територија на Србија, Петковиќ вели дека барањето е шокантно, бидејќи сите говорат за нивно ослободување, но не и за ослободувањето на Србите во Косово.

„Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот. Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение“,

рече Петковиќ.

Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.

„За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог. Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира. Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки“,

изјави Петковиќ.

Вчера од Струга, премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека сите поранешни југословенски републики прогласија независност и тоа беше независност од Белград, а сега ни треба Србија да прогласи независност од Косово, од Северна Македонија, од Хрватска, од Словенија, од Црна Гора зашто Србија де јуре ја признава нивната независност, но тоа не го прави де факто. За уапсените полицајци пак, тој повтори дека тие биле грабнати на територијата на Косово

„Пред два дена тројца полицајци беа грабнати од страна на специјални воени и полициски единици на Србија. Додека зборуваме тие се соочуваат со српски судови. Наводно обвинител го повлекол обвинението за тероризам против нив и тие сега се товарат за незаконско поседување оружје. Тие беа грабнати еден километар на територијата на Косово, тие беа во акција да спречат шверц на стока“,

рече Курти.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Уганда: 25 ученици убиени во терористички напад на училиште

Следно

Костадиновска- Стојчевска: Моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop