Украина: Русија го нападна Киев со ракети „Кинжал“ и „Калибар“

June 16, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Началникот на воената управа на градот Киев, Сергеј Попко, соопшти дека руската Армија извршила напад врз главниот град Киев со хиперсонични ракети „Кинжал“ и високопрецизни ракети со долг дострел „Калибар“, известува Анадолу.

Попко во објавата на социјалните мрежи наведе дека Русија денеска извршила интензивен воздушен напад на Киев.

Истакнувајќи дека Русите истовремено користеле балистички, крстосувачки ракети и беспилотни летала, Попко рече дека „во воздушниот простор околу Киев се уништени 6 хиперсонични ракети од типот „Кинжал“, 6 крстосувачки ракети „Калибар“ и две извидувачки летала.

Во објавата Попко наведе дека во нападот, според првичните утврдувања, не се откриени човечки загуби или материјална штета.

Командантот на украинските копнени сили Александар Сирскиј исто така информираше за развојот на настаните во врска со војната на источниот фронт преку писмено соопштение објавено на социјалните мрежи преку профилот на Воениот прес-центар на Министерството за одбрана.

Посочувајќи дека ситуацијата на истокот останува тензична, Сирскиј наведе: „Непријателот и покрај губењето на своите позиции во регионот и офанзивата на украинските трупи на југ, продолжува да ги поставува своите трупи во правец на Бахмут, кој е подобро подготвен за војна.“

Сирскиј истакна дека продолжуваат со офанзивните операции во одредени правци за повторно преземање на контролата врз ридовите и шумските појаси, со цел оддалечување на Русите од околината на Бахмут.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Јадро“ со реакција за неисполнети обврски на Министерството за култура и на Град Скопје кон независната културна сцена

Следно

Тим правни експерти: Многу е веројатно Русија да ја разнела браната „Нова Каховка“

Latest from Blog

Видео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската Република

Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите

Димитровски: Чесно и пред Советот на честа – спорниот текст на ТВ ТЕРА отстапува од Кодексот на новинари

Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, напиша на социјалните мрежи дека Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија утврдил елементи на отстапување од Кодексот на новинарите во текстот на ТВ
Go toTop