Столтенберг: Членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот на 12 јули, но не можам да гарантирам

June 15, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот на воениот сојуз закажан за 11 и 12 јули, но дека тоа не може да го гарантира, јавува Анадолу.

Столтенберг одговараше на прашањата на новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО што се одржува во Брисел, седиштето на Алијансата.

Запрашан за можноста за членството на Шведска во НАТО до Самитот во Вилнус, Столтенберг рече дека вчера во Анкара е одржан состанок на Постојаниот заеднички механизам на Туркије, Шведска и Финска и дека минал во конструктивно опкружување.

Столтенберг потсети дека Шведска ги исполнила своите обврски во рамките на трилатералниот меморандум договорен на минатогодишниот Самит во Мадрид.

„Туркије има легитимна безбедносна загриженост. На ниту еден сојузник тероризмот не му наштетил повеќе отколку на Туркије“, нагласи Столтенберг и продолжи во врска со членството на Шведска:

„Членството на Шведска во НАТО е можно до Самитот во Вилнус, но не можам да го гарантирам тоа. Работиме да го обезбедиме учеството на Шведска што е можно побргу. Задоволство ми е да ја искористам оваа можност да се состанам со претседателот Реџеп Таип Ердоган и да го свикам Постојаниот механизам оваа недела.“

Запрашан за минатонеделната посета на САД и дали мандатот ќе му биде продолжен, Столтенберг рече дека во текот на средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон разговарал за претстојниот Самит на НАТО.

„За тоа кој ќе ме замени одлучуваат 31 НАТО-сојузник. Јас сум одговорен за сите одлуки на НАТО, освен за една, а тоа е каква ќе биде мојата иднина. За тоа одлучуваат 31 сојузник“, порача Столтенберг.

На прашањето дали сака да се продолжи неговиот мандат, Столтенберг рече:

„Немам намера да барам продолжување на мојот мандат.“

Долго се зборува за тоа кој ќе го замени Столтенберг, чиј мандат истекува во октомври 2023 година. Иако за оваа функција се споменуваат многу имиња, се смета дека во прв план е данската премиерка Мете Фредериксен, како и дека се зголемуваат можностите за повторно продолжување на мандатот на Столтенберг.

Поранешниот премиер на Норвешка, Столтенберг, е именуван за генерален секретар на НАТО во 2014 година, а мандатот му е продолжуван трипати.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА „ПРЕЕКСПОНИРАНО“ НА ВЕНИНОВА ВО ИТАЛИЈА

Следно

(ВИДЕО) Се урна врв на планина во Австрија, камерите ја снимија катастрофата

Latest from Blog

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт

Божиновска за emagazin: Градиме модерен енергетски систем усогласен со европските стандарди

Во период кога енергетската безбедност, зелената транзиција и европските реформи се меѓу најважните државни приоритети, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува интензивни законски и институционални промени. За досегашните резултати, но

Крај на сагата – Хари Кејн: Англичанецот им ја соопштил својата одлука на челниците на Баерн

Летниот преоден рок веќе ни донесе неколку познати трансфери, но се чини дека најдоброто допрва доаѓа. Со недели се шпекулираше за судбината на Хари Кејн, кој официјално влезе во последната година од

ГОЛЕМ ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ АТИКА – Пожарникари од три земји се борат со огнот, издадена евакуација

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, поради што властите испратија порака за евакуација до жителите и лицата кои се наоѓаат во непосредна
Go toTop