Трамп заработил 6,6 милиони долари од обвинението, објавија од неговиот тим за претседателската кампања

June 15, 2023
1 min read

Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако „полудениот“ Џек Смит најави политичко гонење, напишаа од тимот на Трамп

Тимот за претседателската кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека тој собрал речиси 7 милиони долари од неговото обвинение минатата недела, бидејќи неговата порака за политички прогон продолжува да одекнува кај тврдокорните поддржувачи.

„Претседателот Трамп собра повеќе од 6,6 милиони долари откако ‘полудениот’ Џек Смит најави политичко гонење“,

напишаа од тимот на Трамп мислејќи на американскиот обвинител кој го истражува предметот.

Повеќе од 4,5 милиони долари дошле од дигитално собирање средства, додека 2,1 милиони долари биле собрани од настан за собирање средства кој се одржал во вторникот во клубот Бедминстер на Трамп во Њу Џерси.

Портпаролот на Трамп, подоцна во изјава за Ројтерс рече дека собирањето средства надминало 7 милиони долари откако беше објавено обвинението во четвртокот.

Трамп е обвинет за незаконско задржување доверливи владини документи откако ја напушти Белата куќа и за заговор и попречување на федералната истрага за ова прашање. Трамп во вторникот пред судот се изјасни за невин по обвиненијата.

Тој се обиде да ги оквалификува обвинувањата како напад предводен од демократите за да го исфрлат од претседателската трка, на крајот дизајниран да им наштети на републиканците, од кои 30 отсто се сметаат за цврсти поддржувачи на Трамп.

81% од републиканците веруваат дека обвиненијата се политички мотивирани

Анкетата на Ројтерс/Ипсос покажува како функционира стратегијата на Трамп – големо мнозинство републиканци, околу 81 отсто, веруваат дека обвиненијата се политички мотивирани.

Според неодамнешниот извештај на Ројтерс, група поврзана со кандидатурата на Трамп за републиканска номинација поставува рекорди за политички трошоци на почетокот на претседателската кампања бидејќи Трамп се обидува да го надмине својот најблизок ривал, гувернерот на Флорида, Рон Десантис.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Европол ја нагласи заканата од терористичката ПКК за Европската Унија

Следно

Обамејанг се надева дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона

Latest from Blog

ГОЛ – ШОУ: Англија е “бронзена“, Мбапе со два гола сега е најдобар стрелец, Дешамп со пораз во последниот меч! (ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/EnglandTeam/ Неверојатен меч. Гол – шоу во Мајами. Франција – Англија 4:6 е исходот од битката за третото место на СП. Фуриозно прво полувреме на “Трите Лава“ и водство од 0:4, во

„ЕК да ја објави целата комуникација за вториот протокол“: Нова иницијатива на Лилјана Поповска и на Гоце Перовски, македонски активист во Германија

Поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која е подносител на иницијативата до Уставниот суд за поништување на таканаречениот Втор протокол, заедно со македонскиот активист од Германија и член на Партијата на зелените Гоце Перовски,

Утре на финалето: Борбени авиони Ф-16, снајперисти на стадионот, илјадници агенти на ФБИ

Соединетите Американски Држави ќе преземат посебни безбедносни мерки за заштита на Доналд Трамп за време на финалето на Светското првенство. Шпанија и Аргентина ќе се соочат во финалниот натпревар на турнирот утре
Go toTop