Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена

June 14, 2023
1 min read

Уапсените косовски полицајци, како што раскажа тој, тврделе оти не знаеле дека ја поминале административната линија и некои велеле дека не знаат да користат ГПС

Фото: РТС

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва за националниот сервис РТС го обвини косовскиот премиер Албин Курти дека сака да предизвика војна.

Обвинувањата од Вучиќ доаѓаат откако денеска тројца припадници на косовската полиција беа уапсени од српските сили. Приштина обвини дека станува збор за киднапирање што се случило на косовска територија во близина на границата, а Белград, пак, вели дека косовските специјалци навлегле длабоко во централна Србија и затоа биле уапсени.

„Да избегнеме шпекулации бидејќи се наоѓаме на раскрсница – сакаме ли сè уште мир или не. И тоа не благодарение на нашата намера да немаме мир, туку благодарение на тоа што постои еден човек на Балканот кој сака да предизвика војна и судир по секоја цена – станува збор за Албин Курти“,

рече Вучиќ на РТС.

Се плашам, додаде српскиот претседател, дека „го поминавме Рубикон“ и оти враќањето во реалноста ќе биде тешко.

Вучиќ негираше дека апсењето го спровела војската на Србија и дека тоа се случило на косовска територија.

„Гарантирам да ниеден војник од војската на Србија и ниеден полицаец не ја поминал административната линија или како што велат другите – границата. Ние нив ги уапсивме на 1,8 километри подалеку од административната линија, на потегот Орахово-Гњилица“,

тврди Вучиќ.

Уапсените косовски полицајци, како што раскажа тој, тврделе оти не знаеле дека ја поминале административната линија.

„Сè што кажаа е дека не знаеле дека ја преминале линијата. Некои рекоа ’јас не знам да користам ГПС‘ итн.“,

вели српскиот претседател.

Во врска со забраната за увоз на секаков вид стока од Србија во Косово, која ја донесе косовската влада попладнево, пак, рече дека тоа е спротивно на меѓународните прописи и правилата на ЦЕФТА и оти со тоа се покажува намерата на Приштина „да го изгладни народот на северот“, да остане без лекови и без основните продукти.

*Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски очекува Ковачевски да прифати еден од двата предлози и да има лидерска, СДСМ чека работни групи од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Државен погреб за Силвио Берлускони во Милано

Latest from Blog

Жоао Кансело и официјално е член на Барселона

Екипата на Барселона попладнево и официјално објави дека нејзин нов член е Жоао Кансело. Кансело пристигнува на Ноу Камп како слободен играч и потпиша договор со верност до 2029 година. Искусниот португалец

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе

Герасимовски: Дрските лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, апликацијата на Општина Центар е изработена волонтерски

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации,

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ДЗР до поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните пари

20 август 2026, Скопје – Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката

Битола со нова опрема за „Петар Милошевски“: Набавени шест машини за одржување на стадионот

Општина Битола набави шест специјализирани машини со кои ќе се подобри одржувањето на стадионот „Петар Милошевски“. За набавката се издвоени 4.373.551 денари, средства кои биле планирани во Буџетот на Општина Битола за
Go toTop