Мицкоски очекува Ковачевски да прифати еден од двата предлози и да има лидерска, СДСМ чека работни групи од ВМРО-ДПМНЕ

June 14, 2023
3 mins read

Додека Мицкоски очекува Ковачевски да каже кој од двата предлози што ги дал на лидерската е прифатлив за премиерот, и вели дека веднаш може да се одржи уште една лидерска средба, од СДСМ, пак, очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да формира работна група за преговори, исто како што направија социјалдемократите по лидерската средбата. Оттаму сè уште тврдат дека позициите на двете партии во однос на уставните измени се многу поблиски од претходно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето на ТВ Алфа порача дека тие како партија се конструктивни и свесни за процесите и за иднината на државата, но и повтори дека ако нема гаранции за членство во ЕУ и заштитен идентитет, тогаш не поддржуваат уставни измени.

Тој зборуваше за двата предлози што ги дал на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски и рече дека тоа се конструктивни решенија кои не се понижувачки. На премиерот му порача да избере еден од двата предлози што е прифатлив за него и тогаш не би имало проблем за уште една лидерска средба.

„Имаат два предлога на маса, нека изберат еден од тие два, не е проблем, јас сум подготвен секогаш да разговарам, но нека изберат кој од тие два предлога, бидејќи Ковачевски го слушам вели дека сè прифатил. Еве, повторно кажувам, прашајте го и вие како медиум за тоа кој од двата предлога го прифативте. Дали овој со одложено дејство кога Македонија ќе биде членка на ЕУ или избори наесен па гаранции“,

рече Мицкоски додавајќи дека кога ќе го слушне тоа, уште истиот ден ќе иницира лидерска средба.

Двата предлози што ги дал на средбата, според него, не значат дека ВМРО-ДПМНЕ го променила ставот.

„Двете решенија се надоврзаа на претходно кажаниот хрватски модел на Преамбула во Устав, а коишто за жал од владата на ДУИ и СДС со помалите политички партии кои глумат опозиционери и лажни популисти, го нападнаа ВМРО-ДПМНЕ дека го променил ставот, што не е точно. Велиме ’да‘ во име на процесот, но со одложено дејство и тоа му беше кажано на Ковачевски и бев јасен на прес-конференцијата. Што подразбира одложено дејство? Тоа значи дека ги почнуваме преговорите, ги завршуваме, Македонија станува дел од ЕУ и тогаш може дел од бугарскиот народ да биде дел од Уставот“,

нагласи Мицкоски.

Вториот концепт, како решение, потсети тој, се избори оваа есен на кои сите ќе излезат со своја програма.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие поддршката, а поразениот да нè поддржи околу концептот за национално единство. Тоа подразбира еден столб, да обезбедиме гаранции за нашиот многувековен македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, јазик од европските институции. Да обезбедиме за граѓаните социоекономски пакет, да се подготват и третиот, да го повратиме чувството на нашето македонско национално единство и да внесеме доверба кај Македонците во Бугарија, со тоа што Бугарија ќе имплементира барем три од пресудите од Судот во Стразбур“,

потсети Мицкоски.

Додека Мицкоски очекува Ковачевски да каже кој предлог е прифатлив за него, од СДСМ, пак, очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да формира работна група за преговори, исто како што направија социјалдемократите по лидерската средба.

„Ние очекуваме разговорите да продолжат, понудивме работна група, чекаме ВМРО-ДПМНЕ да номинира свои претставници во работната група за да успееме. Гледате и во реакциите во јавноста, многу од граѓаните се надеваат на успешност на овој план, велат, ајде, конечно обединете се сите и тргнете кон заокружување на тој генерациски сон да бидеме членка на ЕУ. Се надевам дека нема да ги разочараат граѓаните. Доколку не успее планот, ќе се разговара со пратеници од опозицијата коишто размислуваат исто како нас на тема европски интеграции. Коишто се за интеграција наместо за изолација. Коишто сакаат да бидеме дел од ЕУ. Консултации и разговори со пратеници од опозицијата би се одвивале врз основа на идеја и визија. Кој од пратениците на опозицијата ја гледа Македонија интегрирана во ЕУ, богата и напредна држава, е добредојден да се приклучи“,

рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во денешното интервју за емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.

И тој, како и останатите претставници на партијата, смета дека по лидерската средбата позициите за уставни измени со ВМРО-ДПМНЕ не се толку далечни.

„Најпрво добивме јавно поддршка од Христијан Мицкоски за уставни измени. За коишто претходно беше кажувано дека овој парламентарен состав нема шанса да ги донесе. Сега тоа е променето до реториката на Мицкоски и велат дека можат да се случат уставни измени. Втората работа е она што го велите со одложено дејство, но и тоа ние го прифативме, рековме во ред, бива, одложено дејство до втората меѓувладина конференција. Тие велат до членство во ЕУ, но тоа е невозможно. Тоа е така со Преговарачката рамка. Треба да се биде реален, Преговарачката рамка не може да се смени, тоа е губење време кое го немаме“,

рече Богоев.

Третата добра работа, додаде тој, е што ВМРО-ДПМНЕ прифатила да влезе во влада со СДСМ и да преземе половина од министерските места кои ги држат социјалдемократите.

Покрај петте министерски места, како што е познато, владини извори вчера посочија дека Ковачевски е подготвен да ја отстапи и премиерската функција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Манчестер јунајтед се откажа од идејата да го купи Кејн, тренерот Тен Хег разочаран

Следно

Вучиќ: Курти сака да предизвика војна по секоја цена

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

Европското јавно обвинителство откри голема криминална група која  која преку измама со ДДВ предизвикала штета во висина од 2,9 милијарди евра. Истрагата, која почнала во ноември 2022 година, утврдила дека осомничените користеле

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Нов туш од Брисел – нема уставни зимени со одложено дејство. ЕУ работи на креативно решените за деблокада на ЕУ интеграциите на Македонија, но тоа решение мора да биде дел од преговарачката рамка

Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.
Go toTop