Тројца вооружени косовски полицајци уапсени на територијата на централна Србија

June 14, 2023
1 min read

Во соопштението на српското МВР, кое го пренесе Танјуг, се наведува дека припадниците на Антитерористичката група на Специјалната полициска единица лоцирале и уапсиле тројца припадници на косовската полиција Р.З., Б.С. и М.Ш. во административната зона кон Косово, далеку во длабочината на територијата на централна Србија

Припадниците на специјалните единици на српската полиција денеска уапсија тројца вооружени припадници на косовската полиција на територијата на централна Србија.

Во соопштението на српското МВР, кое го пренесе Танјуг, се наведува дека припадниците на Антитерористичката група на Специјалната полициска единица лоцирале и уапсиле тројца припадници на косовската полиција Р.З., Б.С. и М.Ш. во административната зона кон Косово, далеку во длабочината на територијата на централна Србија.

Сите тројца уапсени биле вооружени со автоматско оружје и во целосна воена опрема со ГПС уреди, мапи и друга опрема.

„Успешно е спречен обид на косовската полиција да изврши инвазија на територијата на централна Србија и да спроведе акција која по сите параметри е терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот насочен против Република Србија. Полицијата во соработка со надлежното обвинителство ќе продолжи со понатамошната работа,

се вели во соопштението на полицијата.

На фотографиите кои ги објавија српските медиуми се гледаат тројца припадници на косовската полиција кои се уапсени, како и автоматски пушки, опрема за надзор, радио врски, мапи…

Албанскиот сајт „Коха“ наведува дека настанот се случил во близина на административниот премин Јариње.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин повика на мерки за интегрирање беспилотни летала во рускиот воздушен простор

Следно

Лукаку ја одби понуда од Саудиска Арабија за 25 милиони евра годишно, сака да остане во Интер

Latest from Blog

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој

Телефонски разговор Трамп – Путин

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, разговарале телефонски за актуелни меѓународни прашања, вклучувајќи го конфликтот во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и идната соработка меѓу двете земји, според

Игор Ивановски и “Реформаторите“ поради кои СДСМ ја изгуби власта

Игор Ивановски, човекот кој денес се претставува како голем реформатор и носител на „Платформата за иднината на Мицкоски“, беше Генерален Секретар на СДСМ, Потпретседател на СДСМ, а на последните парламентарни избори во
Go toTop