„Македоника литера“ ја објави книгата раскази „Оган во снегот“ од хрватскиот писател Лука Вукушиќ

June 14, 2023
1 min read

„Македоника литера“ деновиве ја објави книгата со раскази „Оган во снегот“ од современиот хрватски писател Лука Вукушиќ, за која авторот е добитник на наградата „Славиќ“ на Друштвото на хрватските писатели за 2018 година за најдобра дебитантска авторска книга во 2017 година.

Превод од хрватски на македонски јазик е на Елена Саздовска.

Расказите во збирката претставуваат еден вид впечатоци, кратки слики извлечени од сеќавањето или секојдневниот живот, често обоени со тага или носталгија, чувство на осаменост, но и топлина на малите животни радости и убавина што може да се види во обичните работи. Не обидувајќи се да го шокира или забавува читателот со неочекувани ликови или заплет, ова е збирка со тивки, медитативни приказни, често со лирска атмосфера.

Во образложението за наградата „Славиќ“ пишува: „Прозните остварувања на Вукушиќ во повеќето оформени структури ѝ припаѓаат на формата на расказ… Меѓутоа, во некои делови од прозата се исполнети со префинет лиризам, така што речиси наликуваат на формата на песна во проза… Искуствата земени од секојдневниот живот кај авторот будат различни, често спротивставени визии, понекогаш корозија на човештвото, понекогаш чувство на минливост и смртност или во други примери пролетната експлозија на енергија и виталност… Иако многу од прозните текстови изгледаат како случајни записи во приватен дневник, тие се богати со внатрешен, длабоко личен одраз на чувствителен набљудувач и се полни со наративно ткиво во кое се одвива чувствителното филтрирање на душата на надво­решната појавност.“

Лука Вукушиќ (1981, Пореч, Хрватска) е дипломиран класичен филолог, автор на голем број стручни трудови и написи на историски, архивски и литературни теми, а освен тоа е и преведувач од новогрчки и старогрчки јазик. Дипломирал на Катедрата за класична филологија на Филозофскиот факултет во Загреб. Работел како архивист во Хрватскиот државен архив, а од 2008 година до денес работи како извршен уредник во Матица Хрватска. Објавил неколку преводи од новогрчки,старогрчки и латински јазик.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Нигерија: Во бродолом на реката Нигер загинаа најмалку 103 лица

Следно

Путин признал дека имаат проблеми во Украина

Latest from Blog

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за постдипломски студии на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун

Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорот на Сити колеџот во Солун Јанис Верверидис, денес на 20 македонски граѓани им

Пеп се извини за своето однесување: Се чувствувам засрамено

Тимот на Манчестер Сити доживеа пораз викендов против Њукасл во домашниот шампионат но веќе утре има активности во Лигата на Шампионите против тимот на Баер Леверкузен. Менаџерот Пеп Гвардиола имаше свое видување

Со амандман од ВМРО-ДПМНЕ, шест милиони денари за изградба на натпатник на патот Штип-Чардаклија 

Собраниската Комисија за финансирање и буџет, на предлог на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, прифати амандман со кој од државниот буџет за 2026. треба да се обезбедат шест милиони денари за реконструкција

Влезници за „Златните глобуси“ се продаваат за над 60.000 евра

 Неочекуваниот потег, којшто вклучува луксузни привилегии и ексклузивен пристап до настан што вообичаено се смета за затворен за јавноста, предизвика реакција во индустријата. Многумина сметаат дека станува збор за „бесрамна комерцијализација“ на

„ДОБРО Е, УСПЕАВМЕ“ Истражувач во солзи по 13 години потрага по редок цвет

Во срцето на индонезискиот остров Суматра, биологот Крис Торогуд од Универзитетот во Оксфорд доживеа момент што ќе го памети до крајот на животот. Тој помина денови и ноќи пребарувајќи ја џунглата, полна
Go toTop