Најмалку 17 мигранти се удавија во близина на Грција: „Ги видовме вчера, одбиваа помош“

June 14, 2023
1 min read

Ниту еден од патниците, чија националност не е објавена, не носел појас за спасување

Најмалку 17 лица се удавија во потонувањето на брод со мигранти во водите кај Пелопонез, во југозападна Грција, соопшти грчката крајбрежна стража. Досега се спасени речиси стотина луѓе кои беа префрлени во пристаништето Каламата, информира истиот извор.

Четири лица се пренесени со хеликоптер во болница во Каламата.

Несреќата се случила во меѓународни води, на 47 наутички милји од Пилос во Јонското Море. Ниту еден од патниците, чија националност не е објавена, не носел појас за спасување.

„Бродот вчера попладне прв го забележал авион на Фронтекс, но мигрантите одбиле помош“,

соопштија грчките пристанишни власти.

Во спасувачката операција учествуваа пристанишната полиција, фрегата на грчката морнарица, авион и хеликоптер, како и шест бродови кои пловеле во областа. Според првите информации од грчките власти, бродот патувал од Либија кон Италија.

Во средата била укажана помош и на едрилица со 80 мигранти во водите кај Крит. Едрилицата била одвлечена до пристаништето Калои Лименес на југот на островот.

Фото: Илустрација, EPA/STRINGER EPA/STRINGER

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сијарто: Унгарија и Туркије „реципрочно“ ќе се информираат за чекорите за кандидатурата на Шведска за НАТО

Следно

Полицијата ги соопшти деталите за пукањето во Лукавац: Детето што пукало било под 14 години

Latest from Blog

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop