Судот му забрани на таткото на масовниот убиец Коста Кецмановиќ да го продаде имотот со кој располага

June 14, 2023
1 min read

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка

Вишиот суд во Белград му забрани на семејството на Коста Кечмановиќ, кој го изврши масовното убиство во неговото училиште „Владислав Рибникар“, да го отуѓи својот имот, јавуваат српските медиуми.

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград вчера донесе решение со кое го усвои предлогот на оштетените С.С.Ч., Б.А., М.М., И.Б., Н.К., Д.Д., Б.А., А.А., и Р.В.Ј. (родители на убиените деца), за определување привремени мерки за обезбедување на имотно-правни побарувања, па на обвинетиот Владимир Кецмановиќ му се забранува да располага, отуѓува и да оптоварува недвижен и подвижен имот на кој е сопственик. Станува збор за стан во Белград, деловен простор во Белград и патничко моторно возило.

Привремените мерки ќе траат до конечното завршување на кривичната постапка.

Против гореспоменатото решение е дозволена жалба до несудскиот кривичен совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението, што не го одлага извршувањето на решението.

Обвинетиот Владимир Кечмановиќ се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност.

Тој е во притвор откако неговиот син Коста Кецмановиќ уби девет соученици и чуварот во училиштето „Владислав Рибникар“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије, Шведска и Финска се состанаа во Анкара на разговори за НАТО

Следно

„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт вечерва во НОБ, влезот слободен

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop