Трамп пристигна во Флорида, треба да се појави пред судот поради обвинението за доверливите документи

June 13, 2023
1 min read

Станува збор за документи кои Трамп ги чувал на неговиот приватен имот на Флорида каде што дел од нив биле и во салата за бал и во бањата

Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп синоќа пристигна во Мајами, Флорида, каде денеска треба да се појави пред судот поради обвинението за неправилно чување на доверливи документи на САД поврзани со националната безбедност.

Трамп синоќа отпатува за Флорида со приватен лет од неговиот голф клуб во Бедминстер, Њу Џерси, а во Флорида престојува на неговото одморалиште во близина на Мајами.

Трамп кој води кампања за да ја освои републиканската номинација за претседателските избори в година, ги негираше обвинувањата тврдејќи дека не сторил ништо лошо.

Обвинението се состои од 37 точни (кривични дела). Станува збор за документи кои Трамп ги чувал на неговиот приватен имот на Флорида каде што дел од нив биле и во салата за бал и во бањата.

Доверливите документи кои ги чувал тој се однесувале на: нуклеарните програми на САД, одбранбените и вооружени способности, потенцијалните слабости на САД и сојузниците при евентуален воен напад и планови за евентуална одмазда како одговор на напад од странски сили.

Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Одбиено барањето на Алвес да биде пуштен од затвор со кауција

Следно

ОН загрижени дека Русија нема да го продолжи Договорот за жито со Украина по 17 јули

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop