„Свадбата на Фигаро“ в среда на малата сцена на Опера и балет, влезот е слободен

June 12, 2023
1 min read

На Малата сцена на Националната опера и балет на 14 јуни (среда) од 20 часот, „Балкан опера студио“  во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат омилената опера од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“.

Изминатиов период исклучителна екипа составена од врвни професионалци и млади надежи работеше на поставката на ова оперско дело. Режијата и продукцијата се на Љупка Јакимовска и Дамјан Попоски, музичкиот директор на Оперското студио при Литванската национална опера и балет Раминта Лапсатис ќе настапи на чембало, а соработник на пијано е Јанинка Невчева. Насловниот лик му е доверен на Јонас Сакалаускас, а нему на сцената ќе му се придружат Емилија Финагејеваите, Невен Силјановски, Јулија Каралиунаите, Силвија Плешке, Миндаугас Мишкинис, Лауринас Аксамитас, Мартина Мокшецкаите и Марко Димовски, додека во улогата на грофицата Алмавива, како специјална гостинка, ќе настапи првенката на Литванската опера,  Јоана Гедминтаите.

Влезот за ова исклучително македонско-литванско-хрватско оперско искуство е слободен (согласно капацитетот на салата), а организаторот „Балкан опера студио“ им се заблагодарува на Националната опера и балет, директорот Васо Ристов и уметничкиот раководител на Операта, Дејан Прошев за соработката и поддршката.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО ја започна најголемата вежба за противвоздушна одбрана во Европа

Следно

Култот на родова идеологија конечно се распаѓа

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop