Култот на родова идеологија конечно се распаѓа

June 12, 2023
3 mins read

Сузи Грин, поранешниот извршен директор на Мермејдс, која „неочекувано“ даде оставка минатата година, толку долго се криеше пред наши очи што сега искрено верувам дека можеме јасно да видиме која е. Како на оваа жена воопшто и беше дозволено да има толку многу влијание врз ранливи деца, да не зборуваме пак за здравствените професионалци, е искрено вознемирувачки. Таа е поранешен ИТ консултант без никаква медицинска обука – освен ако не го броиш тоа што во 2016 била Спаркл шампион на разноликоста, како специјална квалификација. Јас секако дека не. Приказната за тоа колку многу моќ и беше препишана и понатаму е шокантна.

Организацијата што ја водеше не беше отсекогаш контроверзна: таа беше група за поддршка за деца и родители со деца со родови проблеми се додека таа не ја стави под свое. Таа стана активистичка и лоби група која прима стотици илјади фунти пари од лотарија и грантови и беше најмена од Министерството за образование да врши обука за „родов идентитет“ во училиштата. Како и кај Стонвол, и таа имаше огромен пристап до клучни институции плус вообичаената бесмислена поддршка од славни личности.

Сега дознаваме дека самата Грин имала директно влијание на политиките на Службата за развој на родов идентитет (ГИДС) во Тависток. Откако беше речено дека Тависток нема никакви записи за среќавање со Грин, кога им се заканија со судски процес, тие магично најдоа 300 страници.

Таму се открива дека Грин зборувала директно со директорката др. Поли Кармајкл, дека имала советнички улоги во две студии и, најскандалозно од се, можела да препраќа деца на терапија во клиниката дури и кога нивните матични доктори повеќекратно биле против тоа. Да се потсетиме дека со Кас извештајот, ГИДС беше затворен по основа дека не доветен за целта за која е основан.

ГИДС беше сред хаос и се справуваше со редици потресени млади жени со родова дисфорија; бројот на девојки порасна за 5.000 проценти во рок од седум години. Кас откри дека повеќе нема долгорочни проверки и следење иако речиси секое дете кое што беше препратено таму за препишани блокери на пубертет стигна до крос-секс хормони (кои се користат за транзиција од биолошкиот род во посакуваниот род).

Блокерите на пубертет се контроверзни затоа што немаме доволно долгорочни студии за нив за вистински да го разбираме нивното влијание, што е и причината зошто неколку држави како Шведска и Норвешка престанаа да ги даваат. На сајтот на НХС (британското јавно здравство) се вели дека тие не се едноставно реверзибилни. Истражувањата покажуваат дека кога на тинејџери во нужда им се дава соодветна терапија, тие повеќе не сакаат да го сменат полот и многумина прифаќаат дека се геј. Блокерите на пубертет обично се првиот чекор на медицинскиот пат кој води до крос-секс хромозоми и операција. Другиот проблем кој Грин треба добро да го знае, е дека ако се дадени премногу рано, гениталиите не се развиваат доволно за од нив да може да се направи задоволителен „нов модел“. Овие пациенти може да ја изгубат својата плодност и каква било шанса за сексуално задоволство во животот.

Има еден познат ТЕД говор и други Јутјуб видеа на кои Грин зборува за тоа што се случило со нејзиниот син. Тој сакал Барби и други женски работи. Нејзиниот сопруг, таа тврди, не го сакал ова „женско“ момче. Подоцна, синот со авион е пренесен во САД на 12 годишна возраст и почнува да прима блокери на пубертет, а веќе на 14 е на естроген. Потоа на својот 16 роденден минува 7 часа во операциона сала во Тајланд на она што еуфемистички се нарекува операција за „потврда на полот“.

Грин објаснува дека ова значи дека „во основа тие ја користат кожата од пенисот за да создадат вагина. А таа се немаше целосно развиено низ пубертетот па, да не кружиме, немаше многу со што да се работи.“ Тоа е дело на блокерите на пубертет.

Оваа операција се прави во Тајланд бидејќи тука е нелегално да му се направи на 16-годишник. Всушност, сега е нелегално и во Тајланд. Ако оваа добро позната информација не е беше аларм, тогаш не знам што е. Сепак оваа жена доби, сега знаеме, одврзани раце да поништи одлуки на психијатри и доктори и да ја турка својата сомнителна агенда. Која е таа агенда? Тоа е вносниот изум на транс дете. Велам вносен, затоа што во САД, се проценува дека хирурзите и фармацевтските компании ќе направат милијарди долари од доживотното давање терапија на 13-годишни деца кои некогаш се дијагностицирани и на 4-годишна возраст.

Самата Грин сега е здружена со др. Хелен Веберли од ЏендерГП, која еднаш беше суспендирана, и која продава крос-секс хормони на деца помлади од 16 години, што не е дозволено во Британија. И тоа се прави онлајн и без советување.

Кај ништо од ова не се работи за транс правата на возрасните. Туку е за натурање на екстремна родова идеологија на вознемирени деца. Веќе е уништен секој основен модел за заштита. Се работи за целосна негација на должноста да не се прави штета а во нејзиниот центар е жена на која никогаш не требаше да и бидат дадени какви било овластувања.

Навистина се надевам дека за Сузи Грин, времето истече.

Сузан Мур,
Телеграф

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Свадбата на Фигаро“ в среда на малата сцена на Опера и балет, влезот е слободен

Следно

Делегација на ЕУ: За уставните измени, јасни се заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година

Latest from Blog

Министерство за финансии: 41 проект ќе биде основа за капиталните инвестиции во 2027 година

10 август 2026, Скопје – Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции

Бошко Ѓуровски повикува на полн стадион на дуелот Црвена Звезда – Хапоел

Некогашниот македонски селектор, и неспомнено наша фудбалска легенда, Бошко Ѓуровски денеска излезе со изјава во медиумите во Србија со која повикува на масовна посетеност на дуелот од третото квалификациско коло од Лигата

ВИДЕО | ОРБАН НА РАКИЈА ВО ГУЧА – Друштво му правеа моќници од унгарскиот бизнис

Виктор Орбан беше забележан во опуштено издание на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што наздравуваше со традиционална ракија во друштво на влијателни луѓе од унгарскиот бизнис-сектор. На снимките, кои

На пеколна жештина, повеќе од еден час чекање за влез во Македонија

Пеколните августовски температури не ги спречија колоните на македонските гранични премини. Додека жештината во земјава се приближува до 40 степени, патниците кои денеска влегуваат преку Табановце чекаат повеќе од еден час, а

Николоски: Се поклонуваме пред хероите кои го дадоа животот за Македонија

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила, во кој животите трагично ги загубија осум македонски бранители. По тој повод, делегација на Владата предводена од вицепремиерот и министер за транспорт
Go toTop