НАТО ја започна најголемата вежба за противвоздушна одбрана во Европа

June 12, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Започна најголемата воздушна вежба на НАТО досега, во која учествуваат 250 воени авиони и над 10.000 лица, објави германското воздухопловство, пренесува Анадолу.

За време на двонеделната вежба „Ер Дефендер 2023“, борбени авиони ќе вршат одбранбени маневри во германскиот и европскиот воздушен простор под команда на германското воено воздухопловство.

Воената вежба ќе ја покаже силата на НАТО и трансатлантската алијанса, изјави генерал-полковник Инго Герхарц, началник на германските воздухопловни сили.

„Ние сме одбранбена алијанса и во случај на напад подготвени сме да ја одбраниме територијата на НАТО и едноставно треба да го покажеме тоа“, изјави тој за јавниот радиодифузен сервис РББ.

Тој, исто така, истакна дека вежбата не е одговор на руската војна против Украина и таа првпат беше предложена од Германија во 2018 година, планирана во следните години.

Герхарц рече дека Германија е свесна за своите одговорности и сака да игра посилна улога за безбедноста на Европа.

„Сега преземаме одговорност, покажуваме дека нешто преземаме во наши раце“, рече тој.

За време на вежбата, воздухопловните сили од 25 земји ќе вежбаат заеднички операции, како одговор на симулиран напад врз земја на НАТО.

Од 250 воени авиони што учествуваат, 100 се американски, вклучително и борбените авиони Ф-35 и Ф-16. Германските воздухопловни сили ќе летаат со 90 авиони, вклучително танкери А400М, Еурофајтер и ловци Торнадо.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ас: Освојувањето на Лигата на шампионите чини 1.452.000.000 евра

Следно

„Свадбата на Фигаро“ в среда на малата сцена на Опера и балет, влезот е слободен

Latest from Blog

Ова се 5 предвидувања на Нострадамус за 2026 година

Нострадамус, велат, предвидел некои од клучните историски настани и големи катастрофи: пожарот што го уништи Лондон, подемот на Наполеон и Хитлер, смртта на Џон Кенеди и кралицата Елизабета, нападот врз Светскиот трговски

Администрацијата на Лувр поставува решетки на прозорците на галеријата Аполо

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека

Македонската берза ги додели годишните награди

На свечена церемонија во Скопје вечерва беа доделени Годишните награди на Македонската берза за 2025 година. Наградата за акција со најголем промет беше доделена на Комерцијална банка, додека акција со најголем пораст
Go toTop