Туркије неутрализираше 5 терористи на ПКК/ЈПГ по граничниот напад од северна Сирија

June 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа петмина терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ по нападот на границата на земјата од северна Сирија, соопшти Министерството за национална одбрана на Туркије, пренесува Анадолу.

„Откако терористичката организација ПКК/ЈПГ вчера го нападна подрачјето на базата „Џибрин“ и полицискиот кампус ‘Онџупинар’ во зоната каде беше реализирана операцијата „Штитот на Еуфрат“, седум терористи, меѓу кои и двајца таканаречени водачи на терористичката организација, се неутрализирани“, соопшти Министерството на Твитер.

Бројот на терористи неутрализирани „како резултат на тековните операции за самоодбрана“ се искачи на 12, се додава во соопштението.

Терористичката организација ПКК/ЈПГ во северна Сирија истрела пет ракети кои паднаа во близина на границата во јужна Туркије, соопштија во неделата безбедносни извори.

Ракетите паднале во областа на границата Онџупинар во областа Килис, изјавија извори кои сакаа да останат анонимни поради ограничувањата за разговор со медиумите.

Нема информации за жртви, а мерките за безбедност се зголемени во регионот.

Турското Министерство за национална одбрана во меѓувреме соопшти дека Вооружените сили веднаш почнале да го погодуваат местото од каде што бил извршен нападот.

Во својата повеќе од 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – на листата на терористички организации од Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца и доенчиња.

Терористите на ПКК/ЈПГ се кријат во северна Сирија, во близина на турската граница, каде што планираат и вршат напади и врз локалното население и врз околните населби во Туркије.

Анкара во 2016 година спроведе три успешни големи антитерористички операции преку границите, на територијата на Сирија, со цел да се спречи формирање терористички коридор, и на раселените да им се овозможи мирно да се вратат во своите домови.

„Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичка окупација во северните делови на Сирија е ослободено пошироко подрачје покрај пограничниот појас со Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На Шведска и текна: Не оди и масовна имиграција и лоша интеграција

Следно

Ас: Освојувањето на Лигата на шампионите чини 1.452.000.000 евра

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop