Индија: Колективна венчавка за повеќе од 2.100 парови

June 12, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Повеќе од 2.100 парови неодамна учествуваа на церемонија за колективна венчавка одржана во северна Индија, поставувајќи во исто време светски рекорд, пренесува Анадолу.

Церемонијата, што се одржа минатиот месец во областа Баран во државата Раџастан, ја организираше невладината организација Шри Махавеер Гаушала Каљан Санстан, а на неа присуствуваа владини претставници.

Настанот е наведен и во Гинисовата книга на рекорди, на чија веб-страница се наведува дека 2.143 парови „неодамна размениле завети за време на свадбена церемонија во Баран“.

На церемонијата беше соборен светскиот рекорд за најмногу венчани парови за 12 часа и најмногу венчани парови за 24 часа, што го поставија 963 јеменски парови во 2013 година.

„За време на настанот беа склопени и хиндуистичките и муслиманските бракови“, се вели во соопштението, додавајќи дека владините претставници присутни за време на церемонијата издале венчални листови на секој пар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ким Јонг Ун повторно го пофали Путин: Донесе добра одлука

Следно

Лајчак: Со Ескобар се надевавме на подобар резултат од нашата мисија на Косово

Latest from Blog

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе

Шпанскиот Суперкуп ќе се игра во Истанбул

Шпанската фудбалска федерација објави денеска дека донесена е одлука, мини турнирот од Суперкупот на Шпанија, годинава да се одигра ни помалку ни повеќе туку во Истанбул. На стадионот „Ататурк“. На него ќе

Битка за критични минерали: САД инвестираат милијарди за намалување на зависноста од Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп и најави три милијарди долари нови инвестиции во рударството, со цел САД да ја намалат зависноста од Кина за критични минерали. Од целиот пакет, една милијарда долари ќе
Go toTop