Ким Јонг Ун повторно го пофали Путин: Донесе добра одлука

June 12, 2023
1 min read

Ким Јонг Ун му испрати честитка на рускиот колега по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија по почетокот на агресијата врз Украина

Народот на Северна Кореја му изразува целосна поддршка и солидарност на рускиот народ, изјави денеска севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, пренесуваат тамошните државни медиуми.

Ким Јонг Ун му испрати честитка на рускиот колега по повод рускиот национален празник и уште еднаш ја поддржа Русија по почетокот на агресијата врз Украина.

Во соопштението објавено од севернокорејската новинска агенција КЦНА не се споменува инвазијата на Украина или учеството на Москва во вооружениот конфликт, но се пофалени „добрата одлука и лидерството на Владимир Путин да ги запре растечките закани на непријателските сили“.

„Ја поддржуваме Русија во светата и безмилосна борба за одржување на сопствениот суверенитет, развој и интереси на својата земја“,

се вели во соопштението, алудирајќи на конфликтот против западните империјалистички сили, поточно против Соединетите Американски Држави.

Северна Кореја и Ким Јонг Ун во исто време ја осудија западната воена помош за Украина и уште еднаш ја негираа сопствената помош со ракети и проектили на руската паравоена група Вагнер.

Фото: EPA-EFE/KCNA EDITORIAL USE ONLY

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дидие Дешамп повика замена во францускиот тим на место на повредениот Рабиот

Следно

Индија: Колективна венчавка за повеќе од 2.100 парови

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop