(ФОТО) Непознато лице оставило куршум пред влезот на училиштето „Владислав Рибникар“

June 11, 2023
1 min read

Голем број на граѓани на Белград од утринава се собираа пред влезот на училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар по повод 40 дена од масовното убиство кое се случи во ова училиште, кога 13-годишниот ученик Коста Кецмановиќ со пиштолот на неговиот татко уби 9 соученици и припадник на обезбедувањето.

Репортерот на порталот Нова.рс додека ги фотографирал предметите кои биле оставени пред влезот на училиштето забележал дека на оградата покрај свеќи и цвеќиња, непознато лице оставил капа на која се наоѓал и куршум, по што веднаш пријавил во полиција.

Фото: „Нова.рс“

Од министерството за внатрешни работи одговориле дека капата била на граѓанин кој ја заборавил, но нема информации кој го оставил куршумот.

Инаку денеска голем број на граѓани го посетија училиштето да изразат сочувство и почит кон загинатите ученици и припадник на обезбедувањето. На оградата беа оставени голем број на плишани играчки, цвеќиња, а беа запалени и свеќи. Букет цвеќе утринава положи и министерот за образование Раде Баста.

Фото: „Нова.рс“

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије: Обилни врнежи од дожд го отежнаа сообраќајот во Анкара

Следно

(ВИДЕО) Три лица се водат како исчезнати во бродска несреќа на брегот на Египет

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop