Изборите во Црна Гора засега со помала излезност од претходните – и Милатовиќ и Ѓукановиќ очекуваат брзо формирање нова влада

June 11, 2023
1 min read

Ако се спореди излезноста денеска со 2020 година, до 13 часот таа е речиси дупло помала од пред три години

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC (архива)

Во Црна Гора во тек се вонредните парламентарни избори на кои граѓаните бираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници.

Излезноста до 14 часот, според податоците на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) изнесувала 32,1 отсто.

Пресеците за излезност покажуваат дека на овие избори таа засега е значително помала од претходните парламентарни избори одржани во 2020 година. На пример, ако се спореди излезноста до 13 часот, денеска таа изнесуваше 28,1 отсто. Пред три години, пак, беше речиси дупло поголема до 13 часот – дури 54,1 отсто.

Своето гласачко право денеска го остварија и новоизбраниот претседател Јаков Милатовиќ и неговиот претходник Мило Ѓукановиќ со кого се соочија во вториот круг од неодамнешните претседателски избори. Двајцата денеска излегоа со очекувања дека брзо ќе се формира нова влада.

Милатовиќ посочи дека очекува новата влада да биде формирана на брз, ефикасен начин и во согласност со изборната волја на граѓаните. Многу е важно, рече тој, граѓаните денеска да излезат на гласање, да го остварат своето право на глас и врз основа на тоа, Собранието на многу поадекватен начин да ја отсликува политичката сила што во моментов постои во Црна Гора.

Милатовиќ додаде оти новата влада треба да го продолжи реформскиот пат и да го забрза во некои области, пред сè за подобрување на животниот стандард на граѓаните, владеење на правото и забрзување на европскиот пат.

И Милатовиќ рече дека очекува новата влада да се формира брзо, а на прашање дали тој повторно ќе биде премиер одговори „далеку сме од тоа“.

Право на глас имаат 542 568 граѓани. Ова се шести избори од независноста на државата од 2006 година.

Она што го очекуваат Црногорците е по три години политичка нестабилност и по падот на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции, односно ќе го забрза членството на Црна Гора во ЕУ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Киргистан: Осудените за корупција ќе мора да вратат од пет до 10 пати повеќе од украдената сума

Следно

Москва ја обвини Украина за обид за напад на брод на руската Црноморска флота

Latest from Blog

На Форумот во Атина, Божиновска разговараше за регионална енергетска интеграција

Можностите за нови интерконекциски врски и иницијативата на Бугарија за проширување на гасната инфраструктура во близина на македонската граница, биле дел од темите на билатералните средби на министерката за енергетика, рударство и

Снимки од вселената открија тајни пукнатини на Глечерот на судниот ден: Промените се застрашувачки (ВИДЕО)

Еден од пловечките делови на глечерот, Источниот леден гребен Твејтс, е делумно затворен и закотвен на својот северен крај. Сепак, во текот на изминатите две децении, гребенот постепено се распаѓаше спротиводно од

Хаотично реми помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед

Вистински дерби натпревар на стартот од новото Премиер лига коло, одиграа екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед во Лондон. Конечните 2:2 се резултат на исклучително интересен, неизвесен и со пресврти полн натпревар.

Вардар се чисти: Багерите работат на отстранување на отпадот кај Камениот мост

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје деновиве спроведуваат интензивна акција за чистење на коритото на реката Вардар. Според претпријатието, ангажирана е целата расположлива механизација, а работата ќе продолжи сè додека
Go toTop