БЛАЖЕ МИНЕВСКИ ГО ДОБИ РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА РОМАНОТ „АКО СЕ РОДАТ НЕКАКВИ ЧУВСТВА“

June 11, 2023
1 min read

Романот „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски е добитник на наградата Рациново признание, која се доделува на Рациновите средби во Велес. Делото е условно речено историски роман, за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, авторско видување со интервенирање во историските факти.

„Со ова признание се чувствувам и возбуден и почестен. Рацин беше секогаш присутен во сите мои книги и како инспирација и како лик. Позната е мислата дека убавината ќе го спаси светот, јас тоа во овој награден роман го трансформирав во ‘чувствата ќе го спасат човештвото’. Без чувства нема среќа, без среќа нема иднина“, кажа Миневски на синоќешното доделување на наградата.

Во конкуренција за наградата биле 14 романи, а за признанието одлучуваше жирито во состав: Јасминка Делова-Силјанова претседателка, Снежана Петрова-Џамбазова и Маја Апостолоска. Според жирито, Миневски во „Ако се родат некакви чувства“ понудил интересна, несекојдневна и нестереотипна приказна и раскажувачка постапка.

„Историските факти во романот се во функција на откривање на вистината на чувствата, а не во функција на докажување, дефинирање и канонизирање на вон книжевна, објективна вистина. Фељтонот се занимава со раѓањето на чувствата, а не со историјата“, рече Делова-Силјанова образложувајќи ја наградата која е во вредност од 1. 000 евра.

Беседата за Рацин годинава емотивно ја донесе професор д-р Васил Тоциновски.

„Во животот случајности не постојат. Рацин има харизма, Божја дарба која е многу ретка. Таа се вградува во него од задојувањето со мајчиното македонско млеко, со првите зборови на мајчиниот македонски јазик. Рацин е интелигентен, борбен човек кој чекорел пред сопственото време“, рече меѓудругото Тоциновски.

Рациновите средби годинава се одржуваат по 60. пат, продолжуваат наредните денови.  В четврток ќе биде меѓународниот поетски митинг со автори од Грција, Турија, Бугарија, Србија. Тогаш ќе биде врачено Почесното Рациново признание на бугарскиот преведувач и автор Пламен Тотев за ширење на македонската култура и јазик во Бугарија. Тој досега има преведено 55 книги од 34 автори, од македонски на бугарски јазик.

П. ПЕЧКОВ

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ердоган му честита на Манчестер Сити за освојувањето на титулата во УЕФА Лигата на шампиони

Следно

Кој прифатил уставни измени, а кој го замајува членството – партиите со нови преписки

Latest from Blog

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да
Go toTop