По лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски, попладнево заседава раководството на ДУИ

June 10, 2023
2 mins read

Ќе се разгледува новата динамика на политичката сцена, меѓу што и барањето на ВМРО-ДПМНЕ за влада без ДУИ, кое партискиот портпарол Бујар Османи го нарече „барање за едноетничка влада“

Фото: МИА

Раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево во партиското седиште во Мала Речица, одржува состанок.

Портпаролот на партијата Бујар Османи посочи дека состанокот е поради новите политичките случувања и на него ќе се анализира средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, што се одржа во средата.

„Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, позициите на ДУИ, барањата на ВМРО-ДПМНЕ за едноетничка влада. Прво ќе разговараме, па ќе дадеме одговор. За нас е важен патот кон ЕУ, европската иднина на граѓаните, мислам попрецизни податоци ќе имаме по состанокот“,

изјави Османи пред состанокот.

Како што е познато, првичната реакција на ДУИ по лидерската меѓу Ковачевски и Мицкоски во средата беше дека партијата прифаќа влада во која интегративците нема да учествуваат, но услов за тоа беше да се изгласаат и да стапат на сила уставните измени.

„ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“,

гласеше ставот на ДУИ што тогаш Осамни го објави на Фејсбук.

До ваков став дојде откако претходно Ковачевски и Мицкоски разменија неколку предлози како да се дојде до уставни измени. Еден од нив, даден од страна на Ковачевски, беше да се изгласа отворање на Уставот и веќе наредниот ден ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада, а СДСМ да ѝ отстапи пет од своите 10 места на Илинденска бр.2. Ваквата влада, предложи премиерот, ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг-процесот кој е во тек, ќе ги отвори поглавјата од преговорите, а зависно од динамиката може и да затвори едно или две поглавја.

„Дополнително, истата таа влада ќе може да ги организира и следните избори. На тоа додадов – уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби да имаат одредба со која важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е закажана без никакво одложување“,

рече Ковачевски.

Мицкоски, пак, возвратил со изменета понуда – ДУИ да не е во таа влада, а уставните измени да важат откако во парламентите на земјите членки на ЕУ ќе почне ратификацијата на пристапниот договор на земјава во Унијата.

„Од моја страна беше даден следниот одговор – во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, а не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“,

рече Мицкоски на прес-конференцијата по лидерската средба.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Трамп чувал доверливи документи на САД во бањата и салата за бал на неговиот имот во Флорида

Следно

Заврши 13. издание на ФФФ: „Златен був“ за јапонскиот филм „План 75“

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop