Рациновото признание за 2023 за Блаже Миневски

June 9, 2023
1 min read

Воедно појаснија дека „Ако се родат некакви чувства“ е условно речено историски роман, односно роман кој јасно се повикува на историски личности и настани, но сепак инволвирањето на разните перцепции на фокализаторите во него, нивното интервенирање во историските факти и нивното емотивно доживување е показател дека тој нема намера да се обврзува кон вистината, историските учебници и колективното воспримање.

-Во неговото средиште е емотивната вивисекција на љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче, која ликот на фељтонистот треба да ја артикулира на хартија. Неговата намера е уметничка интерпретација на личните врски, тргнувајќи од идејата дека, иако императивот на бурните времиња му ги дава улогите на човекот: борец, комита, почитичар, тој, во суштина има свои примарни животни улоги, од коишто не може да избега и во таквите бурни времиња; тој е нечие дете, нечиј брат, нечиј пријател, нечиј љубовник, поради што тој добива свои уникатни црти издвојувајќи се од колективот. Иако стожерот на романот е љубовта на Гоце и Јанка, раскажувачот и особено ликот на Маја ѝ даваат универзална нота преку нејзината контекстуализација со љубовта на познати писатели во светската книжевност (Флобер, Мајаковски, Лермонтов, Кафка и тн.), како и со познати историски личности – македонскиот револуционер Никола Карев и учителката Коца Тасева-Хаџова и италијанскиот револуционер Џузепе Гарибалди и бразилската револуционерка Анита Гарибалди.Дополнително, ова е роман за земјата и љубовта и поврзаноста на Гоце Делчев со нив две, а третата нишка ја наоѓаме кон средината на книгата кога авторот ги повторува зборовите на Бајрон: И пријателството е љубов!, со што сугестијата на Делчев, ако загине во борба, да спои две свои сродни души, неговата вереница, Јанка Каневче и Михаил Герџиков, најдобриот пријател и соборец на Делчев, станува возможна само во случај „ако се родат некакви чувства“, посочија од Комисијата.

Вешто испреплетувајќи ги книжевниот, новинарскиот и научниот стил, Миневски успева фактографијата, фикцијата и емоцијата да ги обедини во безвремен роман чија универзалност надминува конкретен историски контекст и станува општоважечки и општоживотен. Живиот дијалог меѓу четворицата раскажувачи постојано го држи вниманието на читателот и отвора пат и за негово инволвирање во декодирањето на недокажаните или имплицитните претпоставки.

-Земајќи го сето ова предвид Романот „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски со својата неповторливост и оригиналност го заслужува читателското и критичарското внимание, посочуваат од жири комисијата за Рациновото признание.

 

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шести протест против насилството во Белград: Луѓе пристигнуваат пред Собранието на Србија

Следно

Вечерва во 360°: Ковачевски смета дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за деталите треба да продолжат на оперативно ниво

Latest from Blog

Тешка сообраќајка во Кичево: 17-годишен мотоциклист почина на пат кон скопска клиника

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“  и „Мирко Милески“, случена е сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е.(22) од кичевското

Зголемен сообраќај на патиштата, кратки застои на граници и нови ограничувања за камионите

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено по суви коловози, но интензитетот на возила надвор од градските средини е забележливо зголемен. Според АМСМ, на граничниот премин „Богородица“ се чека од 20

Дел од Сопиште без вода

Поради уличен дефект на водоводната мрежа, од 09:20 часот без вода се корисниците на ул.14 во Сопиште, инфорнмира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул и на Португалија пристигнаа на погребот на Жота

Поранешни и сегашни играчи на Ливерпул веќе се во Португалија за да присуствуваат на погребот на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва, кој започнува утрово во 11:00 часот. Поранешните ривали на
Go toTop