Палестинскиот претседател Абас следната недела ќе ја посети Кина

June 9, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинскиот претседател Махмуд Абас следната недела ќе престојува во официјална посета на Кина, соопшти Пекинг, пренесува Анадолу.

Хуа Шунјинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, изјави дека Абас ќе ја посети Кина од 13 до 16 јуни.

Според неа, Абас ќе ја реализира посетата на Пекинг на покана на кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

Во услови на ескалација на тензиите меѓу Палестина и Израел поради нелегални рации и грабежи на земјиште, Кина ги поддржа Палестинците за дводржавно решение на повеќе форуми.

Си се сретна со Абас во Ријад минатиот декември, каде што кинескиот претседател истакна дека кинеско-палестинското пријателство „длабоко е ценето од нивните народи“.

Кинескиот претседател беше во Саудиска Арабија за да присуствува на првиот Самит за соработка на Советот Кина-Заливот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Обновата на историскиот турски град Антакија, погоден од земјотресот, ќе трае една деценија“

Следно

ПСЖ ѝ го краде Гундоган на Барселона?

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop