Украина тврди дека има докази оти Русија ја уништила браната „Нова Каховка“

June 9, 2023
1 min read

Службата за безбедност на Украина соопшти дека поседува телефонски разговор со кој се докажува оти руска диверзантска група ја разнела браната. Телефонскиот разговор, кој Украина тврди дека го поседува, наводно се одвива меѓу двајца војници на руски јазик разговараат за последиците од уривањето на браната.

Неколку дена по уривањето на браната „Нова Каховка“ во јужниот дел на Украина, која предизвика огромни поплави, официјален Киев тврди дека има докази оти уништувањето на браната е дело на Русија, јави Ројтерс.

EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT

Службата за безбедност на Украина денеска соопшти дека поседува телефонски разговор со кој се докажува оти руска диверзантска група ја разнела браната. Телефонскиот разговор, кој Украина тврди дека го поседува, наводно се одвива меѓу двајца војници кои на руски јазик разговараат за последиците од уривањето на браната.

„Тие (Украинците) не го погодија. Тоа беше нашата диверзантска група. Сакаа да ги исплашат луѓето со браната, но тоа не одеше според планот – направија повеќе од она што планираа“,

наводно рекол еден од луѓето, кој Службата за безбедност на Украина го опишува како руски војник.

Другиот човек на линијата, пак, изразил изненадување од тврдењето на војникот оти руските сили, кои ја окупираа браната по инвазијата на Украина во 2022 година, ги уништиле хидроелектраната и браната.

Службата за безбедност на Украина не даде дополнителни детали за наводниот разговор помеѓу руските војници, но додаде дека отворила кривична истрага за воени злосторства и за екоцид.

Браната „Нова Каховка“ во окупираниот дел на украинската област Херсон беше уништена во вторникот, за што јужната команда на украинските сили веднаш обвини дека е одговорна Русија.

Официјална Москва, пак, негира каква било вмешаност во овој напад и обвини оти Украина направила намерна саботажа за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива која планира да ја изврши.

Уривањето на браната предизвика огромни поплави во јужниот регион Херсон што принуди евакуација на голем број луѓе од населените места. Сепак, засега не може со сигурност да се потврди кој стои зад нападот над браната.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во украински напад со дрон врз рускиот град Воронеж повредени три лица

Следно

И Пике го нападна раководството на Барса: Еве, ние не сме во клубот, кој треба сега да си оди?

Latest from Blog

Екс-обвинителката во СЈО Лејла Кадриу открива: Мистериозен советник на министер нарачувал обвиненија

Советникот имал информации од истрага која според законот морала да биде тајна а за него досега не е поведена постапка за одговорност Советникот имал информации од истрага која според законот морала да

Меџити од Камењане: ВЛЕН се обединува во силен политички субјект

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и

Димовски најави нов инвестициски бран: над 150 милиони евра во прва фаза

Четири нови странски компании донеле одлука да инвестираат во Македонија, од кои три ќе реализираат инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје, а една во ТИРЗ Тетово, изјави директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски.

Путин му се заблагодари на претседателот на ОАЕ за помошта во апсењето на осомничениот за обидот за атентат врз високиот руски генерал на ГРУ

Рускиот претседател Владимир Путин му се заблагодари на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), шеикот Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, за неговата помош во апсењето на човекот осомничен за пукањето врз високиот офицер

Кадриу: Осудените за „мерцедесот“ беа „земени на врат“, а случајот со Нешковски беше „чист“, иако Заев мавташе со снимките

Во случајот „Тенк“, набавката на блиндираниот „мерцедес“, Владата не била обврзана да објавува оглас, односно да распишува тендер. Значи, не била должна. Можела да го купи „мерцедесот“ со спогодба во четири очи,
Go toTop