Бејли: За пет години отсега граѓаните во С Македонија ќе видат оти уставните измени се позитивно решение

June 9, 2023
2 mins read

Говорејќи на темата за уставните измени, кои земјава треба да ги направи за да продолжи со европската интеграција, ексамбасадорот на САД во земјава Џес Бејли кажа оти иако за дел од граѓаните во земјава промените на Уставот се неприфатливи, сепак, како што додаде, за пет години отсега со спроведување на уставните измени, луѓето на тоа ќе гледаат како на позитивен чекор за државата

Уставните измени се јасно решение за бугарското вето што ќе ја засилат позицијата на Северна Македонија, но разочарувачки ќе биде ако на нејзиниот пат кон Европската Унија земјата се соочи со ново вето, вели поранешниот амбасадор на САД во земјава, Џес Бејли, во интервју за Гласот на Америка.

Говорејќи на темата за уставните измени, кои земјава треба да ги направи за да продолжи со европската интеграција, ексамбасадорот кажа оти иако за дел од граѓаните во земјава ваквите измени се неприфатливи, сепак, како што додаде, за пет години отсега со спроведување на уставните измени, луѓето на тоа ќе гледаат како на позитивен чекор за земјата.

Џес Бејли, поранешен амбасадор на САД во С Македонија

Сепак, додаде оти Соединетите Американски Држави би биле разочарани доколку Северна Македонија се соочи со уште едно вето кое ќе ја закочи нејзината евроинтеграција. Ако државата сега не ги почне преговорите, според него не е јасно колку долго дополнително ќе биде одложено пристапувањето во ЕУ.

„Додека поминувате низ процесот и отворате поглавја, одредени земји ќе сакаат да се уверат дека самите критериуми се исполнети, така што ќе има и други прашања на патот. И затоа мислам дека е важно секое прашање да не се гледа како нелегитимно прашање меѓу земјите членки, бидејќи тоа е дел од процесот. Тоа ќе биде долг процес да се помине низ некои од тие поглавја, особено за владеењето на правото. Земјата ќе биде под голем надзор, тоа е јасно, исто како и Албанија и другите кандидати. Но, мислам дека сум оптимист. Мислам дека луѓето ќе видат дека ова ќе се случи. Но, не можам да кажам кога“,

изјави Бејли.

Тој вели оти и Преспанскиот договор, исто како и уставните измени сега, бил критикуван на почетокот, но дека веќе никој не го спори позитивниот исход од него. Прашан дали овој Договор разочара во однос на европската перспектива, Бејли во интервјуто за Гласот на Америка посочи дека целта на Преспанскиот договор првенствено беше решевање на проблемот со Грција и нејзината блокада поконкретно за членството на земјава во НАТО. 

„Но, очигледно, тој беше дизајниран да го постави патот кон ЕУ. Вие сте во ситуација која е тешка и тоа е фрустрирачки. Но, мислам дека ако земјата продолжи по својот стратешки пат, колку и да е тоа тежок, таму има подобра иднина. Важно е да се задржи таа поширока визија, како што разгледувате некои краткорочни прашања кои можеби изгледаат многу тешки, но на крајот, како и со многу одлуки во животот, кога ќе ја направите таа одлука, се покажува дека сепак не била толку лоша“,

смета Бејли.

Поранешниот американски амбасадор во земјава вели дека уставните измени ќе ја засилат позицијата на Северна Македонија, а проблемот на Бугарија, како што рече, е тоа што не го признава македонското малцинство и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

„Северна Македонија отсекогаш била и е многу инклузивна земја во тој поглед, и мислам дека уставниот амандман предложен во моментов само го зголемува тоа, така што ако Бугарија одлучи да не го прави тоа, добро, тоа е нејзин проблем“,

вели Бејли.

Темата за спроведувањето на уставните измени, кои пред сè се однесуваат на внесувањето на Бугарите, но и на други народи во највисокиот правен акт на државата, беше дел од лидерската средба на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која се одржа на 7 јуни во Клубот на пратениците.

Средбата заврши без конкретен договор меѓу лидерот на власта и опозицијата по однос на ова прашање, но и двајцата оставија можност за продолжување на дијалогот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Транс-жени, помагајте!

Следно

Куба ги демантира тврдењата дека Кина воспоставува шпионска база во земјата

Latest from Blog

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16 до 18 октомври се одржува

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на
Go toTop